Skip to main content

Автор: инфодеск

Во недела ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун

Views: 280 Во недела, 13 септември, со пригодна свеченост ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (1996-2026) во селото Ботун.По тој повод, од 07:30 часот ќе се одржи Воскресна утрена богослужба, а од 09:00 часот Света Архиерејска Литургија ќе одржи Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Од 11:30 часот е предвиден свечен ручек и голема народна веселба.

Продолжи со читање

Прекин вода

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Туристичка“

Views: 166 Поради настанат дефект на водоводната мрежа неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: ,,Дејан Војвода“, ,,Пере Тошев‘’ , „Петар Поп Арсов“ и дел од „Булевар Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид ги повикува младите да се приклучат на програмата „Млади лидери создаваат иднина“

Views: 145 Од Црвен крст Охрид информираат дека повторно ќе ја реализираат програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“, а програмата може да ја посетуваат ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Учеството во оваа програма е бесплатно.-Црвен крст Охрид ја спроведува програмата „Млади лидери создаваат иднина“ со цел да им овозможи на младите учесници да ги зајакнат вештините што ќе им помогнат да го остварат својот потенцијал и стремежи, како и да придонесат кон развојот на нивните заедници. Учесниците ќе посетат 13 работилници за...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ со акции за подигање селектиран отпад на „Железничка“ и соседните улици, кабаст и зелен отпад во централното градско подрачје

Views: 188 Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со активностите за одржување на чистотата во Охрид и правилно управување со отпадот, а во наредните два дена ќе реализира акции за подигнување селектиран, кабаст и зелен отпад.На 10 септември 2026 година (четврток) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика, хартија и картон од жолтите и сините канти на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.Од „Охридски Комуналец“ ги повикуваат граѓаните да го почитуваат Календарот за подигнување на селектираниот отпад и во жолтите и сините...

Продолжи со читање

На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш

Views: 137 а денешен ден во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш. Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри – Наполи.И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со...

Продолжи со читање

Концерт „Македониум“ во чест на 35 години независност

Views: 159 Вчеравечер во црквата „Св. Софија“ во Охрид се одржа свечениот концерт „Македониум“, кој беше поддржан од Општина Охрид, како дел од празничната програма посветена на одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија.На концертот настапија истакнатите музички уметници Соња Шуплевска – виолина, Марија Јаќимовска – флејта, Петар Колевски – кларинет, Орце Ицкоски – фагот и Давор Јордановски – пијано и автор на музиката.Концертот беше посветен на македонското музичко творештво и одбележувањето на значајниот јубилеј, при што беа изведени дела од...

Продолжи со читање

„Ноќ на музеи“ во Охрид: Една вечер, 12 локации и безброј приказни

Views: 186 Охрид на 12 септември ќе биде домаќин на „Ноќ на музеи“, културна манифестација која ќе ги обедини музеите, галериите, старите охридски куќи, ателјеата и традиционалните занаети во една единствена културна маршрута низ стариот дел на градот.Од 19:00 до 23:00 часот, улицата „Цар Самоил“ и охридскиот Стар град ќе се претворат во голема отворена сцена на културата, со програма на 12 локации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изложби, музика, поезија, вино, но и да се запознаат со традиционалните охридски занаети и нивната богата историја.На програмата се...

Продолжи со читање

Денес се слави Светиот маченик Фануриј

Views: 142 Тој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта, се почитува во Прилеп и Битола. Во 1500 година им се јави на некои на островот Родос и таму покажа чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи крст, а во левата запалена свеќа. Свети Фануриј многу се слави и во Египет. Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка. Но, синовската љубов на Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молел на Бога...

Продолжи со читање