Skip to main content

Автор: инфодеск

Летно кино со автомобили oд 23 до 25-ти јуни во Касарна Охрид

Post Views: 357 Третото издание на Summer Drive-in Cinema – летно кино со автомобили ќе се одржи во Касарна Охрид од 23.06. до 25.06.2023.„Трето издание на тридневното кино со автомобили под отворено небо, со кул филмчиња и превкусни пуканки!“ – велат организаторите од Културолошка иницијатива 5 до 12.ПРОГРАМА:„СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ | 23.06.2023 (петок)Издаден минатата година, „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ е филм на Кристијан Ристески кој го опишува филмот како социјална драма во амбалажа на комедија и апсурд низ три приказни за три групи луѓе, една...

Продолжи со читање

Утре стартува сезонска авиолинија Белград – Охрид со Ер Србија

Post Views: 593 Утре на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ќе се одбележи обновувањето на сезонска авиолинија од Белград со Ер Србија (Air Serbia).Првиот авион на Ер Србија од Белград за оваа сезона ќе биде пречекан со церемонија за добредојде со воден мост.На настанот ќе говорат Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт; Директорот за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија, Бошко Рупиќ и Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Во 2022 година бројот на српски туристи во Охрид бележеше зголемување за 40 отсто, а очекувањата годинава се да има...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со температура до 22 степени

Post Views: 294 Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.Денес, во Македонија особено претпладне ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од утре ќе настапи стабилизирање со значителен пораст на дневната температура, ќе преовладува претежно сончево време, освен во четврток кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со...

Продолжи со читање

Повторен јавниот повик за граѓански организации за проекти во ReLOaD 2

Post Views: 310 Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 ( ReLOaD 2 ) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес,...

Продолжи со читање

Во вторник земјена и аеросолна дезинсекција против комарци во Струга

Post Views: 369 Се известуваат граѓаните и пчеларите на Општина Струга дека на подрачјето на општината, на ден 20.06.2023 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 22:00 часот, до 06:00 часот следното наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар...

Продолжи со читање

СДСМ: Дали за жал дојде време во Охрид водата да биде луксуз?

Post Views: 327 Кога незнаењето и неспособноста се основни карактеристики на менаџирањето, интересот секогаш го надминува разумот, а поигрувањето со народот станува секојдневна забава, се вели во соопштението за јавност од ОО на СДСМ – Охрид.„Бегајќи од реалноста и уживајќи извесен хедонизам, локалното раководство поскапувањето на услугите им го наметна на граѓаните како вообичаен и нормален секојдневен начин на живот. По кој знае кој пат негрижата за охриѓани и злоупотребата на нивните пари се манифестира со уште едно „Соломонско решение“, а тоа е ново поскапување,...

Продолжи со читање

Марихуана

Приведени лица од Долно Лакочереј и Велгошти кај кои била пронајдена марихуана

Post Views: 523 На 16.06.2023 година во 00.30 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се 29 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј и 26 годишник од селото Велгошти. При преглед претходно извршен во возило „Фиат Пунто” во кое се превезувале, полициските службеници кај нив пронашле и одзеле опојна дрога Марихуана, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Спуштени завесите на 8-то издание на  фестивалот „ВДИШИ ТЕАТАР“

Post Views: 335 Со беспрекорниот настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац и оригиналната изведба на претставата  „ТВОЈАТА ГРЕШКА ЈА ЧЕКААТ“, вчера во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на осмото издание на  Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 14 до 18  јуни 2023 г. се одржа во Охрид.Талентираните крагуевчани на многу креативен и едукативен начин прикажаа како непочитувањето на разликите меѓу луѓето, слабостите, развива агресија и врсничкото насилство.И оваа...

Продолжи со читање

Облачно и посвежо време со врнежи од дожд

Post Views: 272 Во Охрид денес претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.Утре претпладне се уште ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Од понеделник ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време.

Продолжи со читање

Се уредуваат тротоарите на ул „Димитар Влахов“

Post Views: 334 Започна партерно уредување на тротоарските површини на улицата „Димитар Влахов“. Старите бехатонски плочки се заменуваат со камен шкрилец и печатен бетон.„После завршување на градежните активности, улицата ќе добие автентичен охридски изглед. Предвидено е да се уредат тротоарските површини од потегот кај Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски просветители“ , односно површина од околу 1600 м2.“ – информира градоначалникот Пецаков.Вредноста на проектот изнесува околу 4 000 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Првата дама сучеше комат со Наташа Неданоска од “Пирустија Неданоски“

Post Views: 477 Првата дама Елизабета Ѓоргиевска денеска сучеше и месеше охридски деликатеси со помош на Наташа Неданоска од „Пирустија Неданоски“ за ранливи граѓани.„Преку македонската национална кујна се поврзуваме со нашите корени, зачувувајќи ги кулинарските богатства што се пренесуваат низ генерации. Комат, кошмишпите, старински бовчи и колач медено срце, беа дел од нашето охридско „мени“, кое со голем мерак го подготвувавме за најранливите сограѓани.“ – објави на Фејсбук Ѓоргиевска.Таа изрази благодараност до инспиративната Наташа Неданоска,...

Продолжи со читање

Прекрасна изведба на претставата „Тоа беше само игра“ на вториот ден од Вдиши театар

Post Views: 359 Дождот не беше пречка за младите талентирани актери од Црвен крст Суботица, на вториот ден од  Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“во магичниот амбиент на црквата Св.Софија, да имаат прекрасен настап и изведба на театарската претстава „Тоа беше само игра“. Тие на сликовит и многу емотивен начин покажаа колку врсничкото насилство преку искажани зборови, постапки, навреди може негативно, па и фатално  да влијае врз личноста, поединецот, но и целата заедница,  упатувајќи силна и јасна порака за меѓусебна толеранција, почитување на...

Продолжи со читање