Skip to main content

Автор: инфодеск

Свети Никифор, патријарх Цариградски

Views: 71 Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Views: 57 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2).Температурите во Охрид...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Свикана 55. вонредна седница на Советот на Општина Охрид

Views: 92 Свикана е педесет и петтата вонредна седница на Советот на Општина Охрид на ден 26.3.2025 година (среда) со почеток во 9.00 часот со следниот дневен ред:1. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2025 година.2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на Општина Охрид за 2025 година.3. Предлог-одлука за одобрување финансиска помош за семејствата на починатите лица и за повредените лица во пожарот во Кочани од 16.3.2025 година.

Продолжи со читање

Во Охрид одржано трето Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија

Views: 154 Во Охрид се одржа трето Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство во организација на таеквондо клубот „Мастер“, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).-Во името на М.Т.Т.Ф., сакаме да изразиме искрено сочувство до семејствата на несреќно починатите лица во трагичниот настан во Кочани. Во чест на починатите, ги објавуваме резултатите од државното првенство со задоцнување. Нашите мисли се со семејствата и сите погодени од оваа трагедија Третото Државно Традиционално Таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија, кое се одржа во...

Продолжи со читање

Мистериозна сина спирална светлина на небото

Views: 97 Минатата вечер жителите на Европа, вклучувајќи и неколку земји на Балканот, почнаа да споделуваат фотки на социјалните мрежи од необична сина, спирална светлина на небото која постепено се движела од запад кон исток.Според Business Insider, со оглед на описот и претходните слични појави, многу е веројатно дека станува збор за истекување гориво од неодамна лансираната ракета „SpaceX“ од Флорида. Експертите потврдија дека овие светлосни спирали обично се случуваат кога ракетите испуштаат остатоци од гориво во горниот дел од атмосферата.Инаку, „SpaceX“ во саботата ја...

Продолжи со читање

 На денешен ден Прличев добил „Ловоров венец“и бил наречен Втор Хомер

Views: 69 Точно пред 165 години, на 25 март 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и...

Продолжи со читање

Одиграно третото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах

Views: 85  Во просториите на ООУ „Братство Единство“ во Охрид вчера се одигра третото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид,Во турнирот учествуваат седум екипи: „Опен ГИ“ Охрид, „ВА Пласт“ Охрид, ЈП „Нискоградба“ Охрид, ЈП „Градски гробишта“ Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО „Дизајн Принт Студио“ Охрид и УИТ „Св. Апостол Павле“ Охрид.Бизнис лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид,Во прилог резултатите од третото коло од...

Продолжи со читање

Работилница на тема „Научи вештини за да го водиш својот живот“ во организација на Црвен Крст Охрид

Views: 78 Продолжува соработката на Црвен крст Охрид со организацијата Canadians for Children at Health Risk, од Торонто, Канада во чии рамки се организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема НАУЧИ ВЕШТИНИ ЗА ДА ГО ВОДИШ СВОЈОТ ЖИВОТ (LEARNING SKILLS TO LEAD YOUR LIFE).Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 26.03.2025 г. (среда) со почеток во 20:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да научат да практикуваат животни вештини за здрав и успешен...

Продолжи со читање