Автор: инфодеск
Post Views: 303 Поради неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата против возрасни комарци која требаше да се спроведе на 12.06.2023 беше прекината и истата се одложува за 20.06.2023 год.Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 20.06.2023 год. (вторник), екипата на Приматекс ќе спроведат теристичка дезинсекција (од земја ) со цел уништување на комарците. Дезинсекцијата ќе се врши во период од 23ч- 04.
Утре затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“
Post Views: 357 Од Општина Охрид ги известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 17.06.2023 година (Сабота) ќе се врши асфалтирање на улицата „Марко Цепенков“.Улицата ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“, до кружна крстосница со ул. „Питу Гули“.
64 годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на Македонски просветители
Post Views: 246 На 15.06.2023 во 21.45 часот, во СВР Охрид пријавено e дека на крстосницата помеѓу булеварот „Македонски просветители” и улицата „Даме Груев” во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено” со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид, информираат од СВР Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Вејп цигарите не се „здрава“ алтернатива
Post Views: 526 Во контекст на опаѓачкиот пазар на производи од тутун, производителите бараат нови начини за испорака на никотин на начини што се сметаат за помалку штетни. Еден таков систем, што излезе на пазарот беше IQOS, од Филип Морис Интернешнл. Со загревање на тутунот, производителите тврдат дека се ослободуваат помали количини канцерогени супстанци во споредба со согорувањето на тутунот во традиционалните цигари. Но, експертите тврдат дека тоа не е така. Таканаречените Вејп цигари, се замислени само и само како преодна алтернатива. Како еден транзитивен период,...
Бочварски денеска на увид на автопатската делница Охрид-Кичево кај Подмоље
Post Views: 298 Денеска (16.06.2023 година), министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во градежните активности на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид, информираа од кабинетот на министерот.Според најавата министерот попладне ќе даде изјава за медиумите за тоа што го увидел на терен.Во понеделникот на иницијатива на градоначалникот на Охрид беше одржан состанок на кој присутвуваа претставници на локалната самоуправа, хотелиери, угостителски еснаф, туристички оператори и...
Богата музичка програма на Охридскиот вино фест
Post Views: 411 Уште само неколку дена не делат од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се оддржи на 22, 23, 24 јуни.Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.На отварањето на фестивалот во Четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во Петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во Сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе...
Утре ЈП „Охридски Комуналец“ ќе подигнува кабаст отпад во Видобишта
Post Views: 293 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 17.06.2023 год.(сабота) организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.06.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот„ – информираат од јавното претпријатие.Кабастиот отпад треба да е...
ГРК Охрид во новата сезона во група А и езерско дерби за старт на првенството
Post Views: 358 ГРК Охрид во групата А во новата сезона 2023/24 во Супер лигата и Езерско дерби на стартот на првенството. Вака одлучи ждрепката што се одржа вчера во Ракометната федерација на Македонија.Група А:1.Струга2.Куманово3.Тиквеш4.Скопје 20205.Алкалоид6.Еурофарм 27.Аеродром8.ОхридВо првото коло ГРК Охрид и гостува на Струга, во второто го пречекува Алкалоид, во третото гостува на Куманово, во четвртото коло дома игра со Еурофарм Пелистер 2, во петтото гостува на Тиквеш, во шестото дома се среќава со Аеродром и во седмото коло му...
Во Охрид облачно со врнежи од дожд
Post Views: 310 Денеска во Македонија променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 21 степен.Под влијание на циклонска активност и утре во Македонија ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне...
Претседателот на НЗ ,,Храбро срце” оствари средба со министерот Спасовски
Post Views: 333 Денес, претседателот на НЗ ,, Храбро срце” – Васко Јолески оствари средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.На средбата беа дискутирани можни решенија за логистичка поддршка за обезбедување транспорт на дополнителна стручна поддршка на тим од лекари од странство со цел навремено да пристигне во Македонија во случај да има компатибилен орган за трансплантација кај лице со механичка циркулаторна потпора на срце.“Министерот даде ветување дека ова барање ќе го проследи до премиерот Димитар Ковачевски и до Владата со цел изнаоѓање...
Започна најголемата меѓународна конференција во земјава Преспа форум дијалогот
Post Views: 300 Во Струга денеска започна третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, организиран од Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.Преспа Форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор.Насловна тема на годинашниот ПФД е обединета Европа како клучен фактор за долгорочната безбедност и стабилност на континентот, пресликан преку зајакната и забрзана интеграција на останатите земји од...
Подготвителни работи за асфалтирање на дел од ул „Јордан Мијалков“
Post Views: 384 На улицата „Јордан Мијалков“ во моментов се одвиваат градежни активности за оформување на пристапот до улицата. Тоа значи поставување на рабници во прва фаза, а во втора фаза асфалтирање на дел од улицата.Согласно предвиденото се планира да се асфалтираат околу 1300 м2 површина. Тоа ќе овозможи непречен пристап преку улицата до станбените згради.Средствата за оваа активност се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.