Skip to main content

Автор: инфодеск

АХВ: Пронајдени и уништени 40 тони небезбедни сувомесни и кондиторски производи

Views: 76 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по добиено известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека во скопската населба Маџари диво работи магацин за храна, спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.Како што информираат од АХВ, во магацинот, кој не бил регистриран како оператор, инспекциските служби нашле 40 751 килограми небезбедни производи (сувомесни и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени.Дополнително, како што посочуваат од АХВ, МВР во...

Продолжи со читање

Пристигнаа првите средства во износ од 52,4 милиони евра од Инструментот за реформи и раст од ЕУ

Views: 74 На денешната прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани информира дека Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ,  од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. -Пристигнаа средствата од претфинасирање во рамки на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во вредност од 52, 4 милиони евра, односно седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра. Оваа исплата...

Продолжи со читање

Таравари: 16 повредени се праќаат дома, тим од пластични хирурзи ќе биде испратен во Кочани

Views: 106Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција изјави дека 16 лица од повредените во Кочани ќе се пуштат на домашно лекување, додека 30 пациенти ќе останат на лекување во скопските клиники. Рече и дека моментално е фазата на инфекции кои можат да се јавуваат кај изгореници од трет и четврти степе.-Тим од пластични хирурзи ќе биде испратен во Кочани со цел да се олесни процесот на рехабилитација на пациентите повредени во трагичниот пожар што се случи неодамна во овој град, информираше денеска министерот Таравари.Таравари изјави и...

Продолжи со читање

Фзом

ФЗОМ ги предупредува граѓаните за сериозна измама преку лажна веб-странa со адреса fzom.net

Views: 94 Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги предупредува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса); податоци за здравствено осигурување; податоци за банкарски сметки и кредитни картички;кориснички имиња и лозинки.ФЗОМ категорично...

Продолжи со читање

Свети Софрониј, патријарх Јерусалимски

Views: 80 Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“. Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на словенски преведен како „Духовна полјана“). Подоцна заминаа во Рим, каде Мосх умре, а на Софрониј му порача да го пренесе или на Синај или во...

Продолжи со читање

Денес времето променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд

Views: 80 Променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Температурите во Охрид во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/ч). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24часа).До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од...

Продолжи со читање

Денес на градскиот плоштад 60-минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

Views: 70 Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет во Охрид денес со почеток од 12:00 часот на градскиот плоштад организираат 60-минутен молк за почит за сите жртви од трагедијата во Кочани.-Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите.

Продолжи со читање

Крстопоклона недела, трета недела од великиот пост

Views: 100Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да нè поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи нè на страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Ако нашиот Бог се распна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болки со предлагањето на страдањата Господови и со сеќавање и надеж на славата на...

Продолжи со читање