Автор: инфодеск
Post Views: 308 Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 Јуни се одржа курс за заштита на природата.„Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување. Курсот го водеше SilkeOldorff одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од Сојузна Република Германија.“- информираат од Амфора.Курсот успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира...
Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на ВДИШИ ТЕАТАР
Post Views: 412 Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на осмото издание на Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 14-18 јуни во Охрид.Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „БАРА“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Нашите млади, талентирани...
Променливо облачно со врнежи од дожд
Post Views: 313 Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно и нестабилно со дожд, особено попладне. Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени.ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава во Македонија ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на...
Градоначaлникот Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија
Post Views: 242 Денеска, градоначaлникот Кирил Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата.Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи.Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира...
СВР Охрид со мерки за безбедност во сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо”
Post Views: 278 СВР Охрид, презема соодветни мерки за безбедно одвивање на денешните и утрешните чествувања на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.Со оглед на градежните активности на автопатската делница кон Охрид кои моментно се изведуваат, сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо” ќе се одвива по стариот пат Охрид-Струга и кај Подмљје, кон Охрид, ќе биде дозволен пристап со возила до манастирскиот комплекс каде, ќе биде можно паркирање од двете страни на коловозот. Напуштањето на комплексот ќе биде кон Подмољје и потоа по стариот пат...
Претставата Бара вечерва го отвора осмото издание на фестивалот „Вдиши Театар“
Post Views: 293 „Вдиши Театар“ по осми пат во Охрид. Во тридневната програма, повеќе од 30 талентирани млади актери аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, од Суботица и Црвен крст од Крагуевац, Србија, ќе го покажат својот актерски талент, умешност и креативност.Осма година по ред љубителите на театарската игра ќе може да уживаат во претставите, кои, годинава, за нив ги подготвија актерите аматери од Охрид, но и од земјите од соседството, во рамки на годинешното издание на на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал, со наслов „Вдиши Театар“....
На 22 јуни Охридски вински фестивал
Post Views: 386 Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија – Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”Од 22 Јуни до 24 Јуни на Кеј Македонија, поточно на платото пред Хотел Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации.Во деновите кои следат ќе бидат објавени сите учесници, листата на винарии како и музичката програма за второто издание на фестивалот.„По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за...
СВР Охрид со посебни безбедносни мерки за Преспа Форумот во Струга
Post Views: 368 СВР Охрид и ОВР Струга, преземаат соодветни безбедносни мерки во пресрет на одржувањето на годишниот Преспа Форум за дијалог 2023 (ПФД-2023) што на 15 и 16 јуни 2023 година, ќе се одржи во Струга. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делегации.Денеска од 16 часот на сила ќе биде забраната за паркирање и сообраќај на моторни и други возила на улицата „Партизанска” од кружната крстосница со „Маркс и Енгелс” до „Владо...
Креативно видео од Атлетскиот викенд Охрид трчаТ
Post Views: 437 Се уште силни се импресиите од 7-то издание на Атлетскиот митинг „Охрид трчат”, што се одржа на почетокот на јуни низ улиците на древниот град.Позитивната енергија што тие ја пренесоа до сите светски меридијани, во филмска магија ја претвори креативниот тим на „Digital Box”, кој изработи видео, во кое, освен детали од спортскиот настан, прикажани се дел од убавините на Охрид, по кои градот со вредно културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, е препознатлив во светот.
Струга подготвена за Преспа Форум дијалогот
Post Views: 354 Струга подготвена за најголемата меѓународна конференција во земјава – Преспа Форум дијалогот. За прв пат градот на мостовите е домаќин на овој голем меѓународен настан, каде ќе присуствуваат стотина високи државници, амбасадори,дипломати, министри, премиери од регионот, ЕУ и САД.Уредени патишта, улици, зеленило, цветни површини, расчистени депонии, вака Струга ќе ги пречека високите гости.„Се чисти во целост генералка во градот Струга, се чистат депониите, се прави сообраќајна сигнализација, се средуваат сообраќајните знаци-...
Охриѓанец со пасат се судрил со прилепчанец на мопед во Струга
Post Views: 315 На 13.06.2023 во 12.45 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на ул.„ЈНА„ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од М.Д.(44) од Прилеп, со место на живеење во Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Специјална болница “Св.Еразмо” во Охрид. Увид иззврши увидна екипа од полициската станица Струга.
Санкционирани мотоциклисти за возење без кацига
Post Views: 270 На 13.06.2023 во периодот од 14 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 09 мотоциклисти кои управувале мотоцикл без заштитна кацига-шлем и од сообраќај исклучиле еден мотоциклист кој управувал мотоцикл без возачка дозвола.