Автор: инфодеск
Views: 40 Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денес следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа).Денешните температури во Охрид во интервал од 5...
Идната недела треба да почне враќање на првите пациенти што се лекуваат во странство, Владата ќе ги покрие сите трошоци
Views: 95 Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека веќе идната недела треба да почне враќање во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во Кочани. Прво ќе се враќаат оние кои се во добра здравствена состојба, изјави Муцунски.-Лично ги посетив болниците во 6 држави, разговарав со нивните семејства, со медицинскиот персонал и со моите колеги министри. Благодарност до сите партнери за солидарноста и човечноста. За кратко, во МНРНТ ќе се одржи координативен состанок за подготовка на следните чекори околу враќањето на...
Денес се празнува христијанскиот празник Свети 40 Маченици – Младенци
Views: 68 Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.Се слави на 22 март, тоа е празник на пролетта па така младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината.За Младенци се врзуваат многубројни обичаи, уште од минатото. На овој ден, жените станувале рано и меселе 40 колачиња, кои симболизираат долг, благ и среќен живот. Колачињата ги печеле и премачкувале со мед. Гостите што доаѓаат во домот на венчаните...
Сончево со слаб јужен ветер
Views: 70 Сончево со умерена облачност.Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Денешните температури во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд(над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер, велат од УХМР.
Кривична пријава за поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“
Views: 127 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против 42 годишно лице од Струга, 59 годишно лице од струшкото село Радолишта, 55 годишно лице од Струга, 49 годипно лице од Охрид и 49 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Првопријавениот, во текот на 2023 година, во својство на в.д. директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје, подружница Охрид, по...
Во недела на градскиот плоштад 60-минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани
Views: 106 Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет во Охрид на ден 23 март, недела, со почеток од 12:00 часот на градскиот плоштад организираат 60-минутен молк за почит за сите жртви од трагедијата во Кочани.-Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите.
ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани
Views: 73 Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери.Верижните...
Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање
Views: 65Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање, информира на денешната прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски. Тука сакам нагласам дека законите во дел на контрола за жал не се јасни, да не речам се исклучиви и ние ова го правиме со еден вид политичка одлука, но сметаме дека е правилна, а по завршувањето на овие постапки ќе следат и јасни законски измени со кои ќе има обврска на секои 6 месеци да се врши ваква контрола на се што е издадено од страна на институциите.Министерството за...








