Skip to main content

Автор: инфодеск

Советот на ЕУ препорачува намалување на користењето на антибиотици за 20% до 2030

Post Views: 398 Министрите за здравство на земјите членки на Европската унија вчера на состанок во Луксембург усвоија препорака со која бараат да се поттикне помала потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото, намалување на потрошувачката на антибиотици за 20% до 2030 година.„Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната отпорност беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите на ЕУ алатки за следење и намалување...

Продолжи со читање

Утре годишен концерт на студиото за танц „Соната” од Охрид

Post Views: 476 После четири години, членовите на студиото за танц „Соната” од Охрид се враќаат онаму каде што припаѓаат – на сцена.Утре, 15-ти јуни го организираат годишниот концерт на кој ќе се претстават сите оние кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц, латино танците и хипхопот. Тоа се оние кои изминатиов период тивко, но во исто време гордо го претставуваа Охрид на меѓународни натпревари и секогаш се закитуваа со медали, велат од „Соната.На малата сцена при Центарот за...

Продолжи со читање

МНР апелира на воздржаност од квалификации за нападот врз Б.К од Лабуниште

Post Views: 292 Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Северна Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.СВР Охрид вчера информира дека на 13-ти јуни 2023 година, во 12:15 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото...

Продолжи со читање

„Паркови и зеленило” ги оплеменуваат зелените површини со цветен расад

Post Views: 296 Екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со засадување на цветниот расад на јавните зелени површини во градот и околината.„Јавните зелени површини се оплеменуваат со засадување на цветниот материјал од 40.000 садници (џунџуле,салвија и агератум) од сопствено производство. Овој цветен саден материјал ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период се до наесен.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица...

Продолжи со читање

Чекор поблиску до слободен меѓународен транспорт во Охридско Езеро

Post Views: 290 Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 160-та седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.„Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку...

Продолжи со читање

Амбасадорката на Црна Гора во посета на Охрид

Post Views: 291  Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора, при вчерашната посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Во срдечна атмосфера разговараа на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремен дожд

Post Views: 249 Променливо облачно време и денеска во Македонија, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната деневна ќе се искачи до 24 степени.Во македонија и во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини Извори“: Ноторни лаги и манипулации се тврдењата на СДСМ

Post Views: 290 За жал во континуитет од политичката партија СДСМ се покажува непознавање на работата и состојбата на јавното претпријатие, обврските кои ги имаме согласно одлуките на Советот на Општина Охрид и јавниот интерес кој ние согласно одлуки го спроведуваме, реагираат од ЈП „Билајнини Извори“ на соопштението на СДСМ.„Прво, ноторна лага е дека сме ги поскапеле услугите за користење на спортските терени за нашите охридски клубови и школи. Секоја корекција која се направи во однос на користењето на спортската инфраструктура е направена за спортските правни субјекти...

Продолжи со читање

Продолжува изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец

Post Views: 345 Започна втората фаза од изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец. Изведувач на работните активности е ДООЕЛ „Маркоски“ , а вредноста на вкупниот проект е 1 300 000 денари средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.По завршувањето на сите активности значајно ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето на жителите кои имаа сериозни проблеми со тоа.

Продолжи со читање

Предупредувачки протест на судската администрација

Post Views: 309 Судската администрација денес со предупредувачки протест пред Основниот кривичен суд Скопје, повторно ќе бара заголемување на платите. Се жалат,  со последното  зголемување на платите на судиите, уште повеќе се продлабочил јазот. Административците земаат  три пати помали плати од судиите, најниската е на ниво на минималната плата, а просечната е под просекот во земјава.Велат, службениците се револтирани,  не е точно дека добиле 15% зголемување на месечните примања, туку додатоците им се прелеаа во плати.„Револтот е многу голем исто така мислам дека...

Продолжи со читање

Регулаторна донесе решение по барањето на ЈП Водовод Охрид за поскапување на водата

Post Views: 766 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одговори на барањето на ЈП Водовод Охрид  за зголемување на цената за вода и донесе одлука за измена на Решението за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година.Регулаторната тарифа за категоријата домаќинства изнесува 32,50 ден/m3 за 2023 година, додека пак за категоријата останати корисници, регулаторната тарифа изнесува 47,50 ден/m3 за 2023 година, додека пак месечниот фиксен надоместок за приклучок за...

Продолжи со читање

Зголемен бројот на туристи, најбројни гостите од Турција

Post Views: 297 Во април годинава, во државата се регистрирани 69.934 туристи. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупната бројка е сочинета од 25,8 отсто домашни или 18.028 и 74,2 проценти, односно 51.906 странски гости.Бројот на остварените ноќевања во април е 130.702. Поголемиот дел, или 71,6 проценти се реализирани од гостите дојдени од странство, а 28,4 отсто од домашните посетители, или 93.530 ноќевања од странци и 37.172 од домашни туристи.Споредбата меѓу годинешниот и ланскиот период јануари – април покажува раст од 24,3 насто кај...

Продолжи со читање