Автор: инфодеск
Views: 56 Уште 10 пациенти кои беа повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, кои се лекуваа на домашните клиники, после сите направени токсиколошки анализи, денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, информира министерот за здравство, Арбен Таравари.–Бројката на пациенти коишто се лекуваат моментално е 162. Добра вест е дека 10 од пациентите коишто лежат во државата ќе бидат испишани. 115 пациенти се на лекување надвор од државата.Министерот рече дека веќе нема да се праќаат пациенти надвор од државата и дека идната недела веќе ќе...
Пожарот во Лондон е ставен под контрола, „Хитроу“ затворен до полноќ
Views: 77 Успешно е локализиран пожарот во трафостаница во западен Лондон и спречено е негово понатамошно ширење. Пожарот предизвика масовен прекин на електричната енергија и без струја остави повеќе од 16 300 домаќинства. Пожарникарите воспоставија кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, жителите беа советувани да ги држат прозорците и вратите затворени.Поради пожарот кој предизвика прекин на електричната енергија на најголемиот меѓународен аеродром во Европа, лондонскиот „Хитроу“ ќе биде затворен во петок,...
Црвен крст Охрид со препораки за работа со ученици за време на кризни настани
Views: 90 Општинската организација на Црвен крст со општи препораки за вработените во образовните институции за тоа како да разговараат со децата и младите во кризни и трауматични ситуации.Насоките вклучуваат стратегии за зголемување на сопствениот капацитет, како да се пристапи кон учениците, нивните реакции и чувства, како да се водат разговори за трауматски настани и како да се одговори на сите прашања што можат да имаат учениците.Од Црвен крст Охрид велат дека обезбедувањето поддршка на децата и младите во овие ситуации е исклучително сложена задача и не мора да ја преземаме...
ТППЕ Охрид стои на располагање на сите институции, училишта, објекти за реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки
Views: 94 Од охридската територијалната противпожарна единица информираат дека стојат на располагање на сите институции, школ и објекти со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација , давање на совети и препораки.Информираат и дека регионот кој го опслужуваат е поделен на два дела: загрозеност на градот и населените места и загрозеност на шумите.Степен на загрозеност – Стар град културно – историски споменици од непроценливо значење,тешко пристапни улици, збиена архитектура, несоодветна и нефункционална хидрантска мрежа.– Можност од блоковски...
Свети Теофилакт, епископ Никомидиски
Views: 49 Кога првиот царски советник, Тарасиј, од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на свети Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој цар беше иконоборец и...
Сончево и студено со температури од -2 до 14 степени Целзиусови
Views: 56 Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Утре, сабота, облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Денешните температури во Охрид во интервал од -2 до 14 степени Целзиусови.
Итно потребни средства за операција, да му помогнеме на Зоран
Views: 112 Зоран Николоски, жител на село Мешеишта, се обраќа до граѓаните со молба за финансиска помош во врска со итна медицинска интервенција.Зоран има потреба од операција на бубрег која треба да се изврши во болницата “Аџибадем Систина” во Скопје. За оваа операција потребни се средства во износ од 7.000 евра, што претставува значителен финансиски товар за него и неговото семејство.Секој придонес, во рамките на можностите, би бил од голема помош во обезбедувањето на средствата потребни за оваа животно важна интервенција.Жиро сметка за донации: 210501765440110...
Хуманоста на дело: СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј” Охрид со донација за настраданите од пожарот во Кочани
Views: 86 СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј” Охрид информираат дека испраќаат донации за настраданите лица во пожарот во Кочани, за кобниот настан што зеде толку души.-Донациите вклучуваат завои, гази, инфузии, алкохол, јод и др. Сѐ со цел да се помогне колку што може во вакво мрачно време. Секогаш стоиме на располагање да помогнеме колку што можеме за жртвите на настанот, и за тие што сега трпат последици од загубите на најблиските, велат во нивното соопштение.Донацијата беше испратена до ЈЗУ „8-ми Септември“ каде се згрижени дел од лицата кои настрадаа во...








