Автор: инфодеск
Views: 106 Денеска, на охридскиот плоштад од страна на Младинската и Ученичките заедници во Охрид беше отворена Книга на жалост за загинатите во страотната несреќа во Кочани. И денеска граѓаните палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на починатите во ужасната трагедија.Претходно, средношколците со мирен марш во вторникот им оддадоја почит на нивните врсници кои ги загубија своите животи при пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
ЈП „Билјанини Извори“ со демант дека дел од излезите на салата се затворени
Views: 87 ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.-Нашата спортска сала работи согласно сите прописи за безбедност и заштита. Објектот поседува план, правилник и проценка за заштита од пожари и други непогоди, кои строго се почитуваат. Сите излези се функционални и лесно пристапни во секое време. Дополнително, хидрантите и противпожарните апарати се редовно сервисирани и во целосна исправност, што може да се потврди со соодветна документација, се вели во соопштението од претпријатието.Во прилог на информацијата...
Јавен повик за обука за поддршка за жени претприемачи во Општина Охрид
Views: 85 Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој Ве поканува да учествувате на обука за припрема и организирање на обуки за жени претприемачи: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО ОПШТИНА ОХРИДПовеќе информации на линкот.
Таравари постхумно ќе го одликува возачот на брзата помош од Кочани
Views: 74 Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека возачот на брзата помош од Кочани, кој цела ноќ пренесуваше повредени од несреќата до Скопје, ќе биде постхумно одликуван следната недела.-Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам. Во вонредна состојба сите работиме без да погледнеме во часовникот, изјави Таравари.Според изјавата на...
Општина Дебрца распиша конкурси за доделување стипендии на одличните ученици и студентите
Views: 65 Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С.Македонија ,број 01-401/1 од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објави конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2024/2025 година.Повеќе информации на линкот.Врз основа на член 50 став 1...
Денес ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани
Views: 68 Погребот на настраданите од страотната несреќа ќе се одржи денес од 11.00 часот на градските гробишта во Штип, во 12.00 часот на градските гробишта во Кочани, во 13.00 часот на гробиштата во с. Облешево. На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, а ќе има и повеќе владици од Синодот. Сара Пројовска, Андреја Ѓоргиевски, Игор Велков се бидат погребани денес во Скопје. Тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде погребан на градските гробишта во Струмица.Владата ги задолжи државните институции, а им препорача на локалната самоуправа и на приватните...
Светите Седум Херсонски свештеномаченици: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон
Views: 61 Сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа (само Етериј умре мирно) од неверниците, било од Евреите било од Грците или од Скитите. Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Го врзаа за нозете и го влечеа по херсонските улици дури не ја испушти душата. Ефрем го убија со меч. Евгениј, Елпидиј и Агатодор ги биеја со стапови и со камења, сè дури не Му ги предадоа своите...
Сончево и студено со ветер од северозападен правец
Views: 52 Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Утре времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, велат од УХМР.Денешните температури во Охрид од -2 до 11 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски








