Автор: инфодеск
Post Views: 292 ЈП „Билјанини Извори“ по се изгледа го добива трофејот за рекордер во покачување на цените на услугите помеѓу јавните претпријатија, иако конкуренцијата е навистина силна. Речиси и да не постои седница на Советот на Општина Охрид, а да не биде запоседната од барањата и досетливите идеи на менаџерскиот тим на ЈП „Билјанини Извори“ , реагираат од ОО на СДСМ Охрид.„Мнозинствотото во Советотот континуирано носеше одлуки во корист на ова јавно претпријатие, а на штета на охриѓани, сметајќи го народот за при очи слеп, а при уши глув. Се започна со зголемување на...
Уште една успешна работилница за Граѓанска наука во Национален парк Галичица
Post Views: 297 Успешно реализирана 4-тата работилница за Граѓанска наука Национален парк Галичица во рамки на проектот Натура 2000. Процесот на Граѓанска наука активно се спроведува неколку месеци во Национален парк Галичица, а бројот на активни волонтери постојано се зголемува.“Бројката на активни волонтери ги надмина нашите очекувања, што е доказ дека навистина можеме заеднички да придонесеме кон подобро управување во НП Галичица.“– велат од НУНП Галичица.Со теренски активности, во присуство на експерти се истражува одреден локалитет во НП...
БОБ-Црвен крст Охрид одбележа 20 годишен јубилеј на Бреинобреин програмата
Post Views: 287 Со Brainobrain WALKATHON прошетка-пешачење со причина и под мотото ЗА ПОЗИТИВНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА Центарот за равивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид го одбележа 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата во светски рамки.Промовирање на здрави животни навики, физичка активност, здрава храна, силни хумани пораки, од насмеаните лица на нашите Бреинобреин генијалци кои во моментов ја следат БОБ програмата во Црвен крст Охрид, заедно со оние кои успешно ги завршиле сите 10 нивоа од оваа програма, но и потенцијалните Бреинобреин...
Променливо облачно со врнежи од дожд
Post Views: 250 Времето денеска во Македонија променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со дожд и грмежи. Утринската температура до 13 степени, а максималната ќе се искачи до 22 степени.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо...
Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски
Post Views: 420 По кусо боледување, нa 45 годишна возраст, почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопшти Синдикатот.„Со жалење информираме дека по кратко боледување почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, објавија од ССМ.Димовски е претседател на ССМ од...
Расте бројот на млади кои се соочуваат со депресија и анксиозност
Post Views: 286 Расте бројот на млади, кои се жалат на депресија и анксиозност. Бројките се аларманти, секој трет адолесцент има симптоми на депресија.Пандемијата пропратена со социјална изолација, несигурност и грижи остави сериозни последици врз здравјето на младите. Интернетот и социјалните мрежи дополнително влијаат на зголемувањето на менталните болести кај адолесцентите, сметаат психолозите.„Она што се пласира на фејсбук, на Инстаграм, брза заработувачка различни коуч лајф мотивациони говорници кои што делуваат во...
Ден на Рисот- бајрактарот меѓу видовите, кој го има на Галичица, е екстремно загрозен
Post Views: 336 Најголемата мачка на Балканот, според Црвената листа на IUCN, е екстремно загрозено животно. Според Црвената листа на загрозени видови на IUCN, балканскиот рис ((Lynx lynx balcanicus)) е екстремно загрозено животно, бидејќи во дивината има помалку од 50 зрели единки.Во Македонија, застапен е во западниот дел: јужните падини на Шара, Бистра, Кораб, Дешат, Стогово, Караорман, Илинско-Плакенска планина, Јабланица, Јакупица, Галичица (фотографиран во 2020 година, првпат по неколку децении) и во областа Јасен (Караџица и Сува Гора) и веројатно Пелистер (последната...
Облачно време, попладне дожд и температура до 24 степени
Post Views: 277 Денес во Македонија претпладне променливо облачно време со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.Во Охрид променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна до 24 степени.ВРЕМЕТО ВО...
Најдобрите од генерацијата 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“
Post Views: 491 Лео Нелоски е првенец на генерација 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид. Со своето знаење, труд и успеси генерацијата ја одбележаа и Теона Талевска, Ивана Секулоска, Ема Чепуњоска и Иво Георгиески. Тие се пофалени за континуиран одличен успех, афирмација на училиштето во наставните и воннаставните активности и активно организирање и учество во проекти во и надвор од училиштето.„Неуморно го претставуваа своето училиште во државата и надвор од нејзините граници, најупорните кога се работи за постојано надоградување и обучување и најсилните кога се...
МТЦ: Нема да дозволиме опструкција, автопатот се гради со потребната динамика
Post Views: 329 Нејасни се реакциите на градоначалникот на Општина Охрид за стопирање на градежните работи на автопатската делница од Подмоље кон Охрид, велат од Министерството за транспорт и врски откако денеска Пецаков остро реагираше дека влезот во Охрид е блокиран на почетокот на туристичката сезона.„Поддршката од централната власт кон општина Охрид е огромна, како никогаш досега, а реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот...
СДСМ: Грст лаги и невистини од Мицкоски, Пецаков и Донев синоќа на Долни Сарај
Post Views: 323 Кога нема кој да те пофали бидејќи ништо не си направил за пофалба, се фалиш самиот себе си. Кога не можеш да го реализираш ветеното, по секоја цена бараш виновник – вистинската слика за ДПМНЕ во две реченици, стои во реакцијата од СДСМ Охрид на изнесеното на вчерашната трибина на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.„Речиси 2 години изминаа без реализација на ниту еден поголем проект… освен еден! Најголем проект е поскапувањето на цените за сите услуги во јавните претпријатија. Е тоа навистина никој не може да им го оспори и со тоа навистина може да се пофалат.“...
Пецаков: Се чувствува отсуство на поддршка од централната власт, но сепак реализираме проекти
Post Views: 323 Факт е дека Охрид години наназад мака мачи со долгoт и некако заштитен знак на Охрид е задолжувањето и нејзината блокирана сметка која што во голема мера го отежнува нормалното функционирање на општината, а со тоа секако и на јавните претпријатија, кажа Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на синоќешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политики за силна култура и развиен туризам“.Пецаков посочи дека иако ја наследил општината со долг од 11 милиони евра од претходниот градоначалник од СДСМ, сепак со домаќинско и одговорно работење се...