Skip to main content

Автор: инфодеск

На 14-ти јуни започнува осмиот театарски фестивал „Вдиши театар“

Post Views: 537 Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, од 14-ти до 18-ти јуни ќе се одржи осмо издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“.Во среда, на 14-ти јуни, со почеток во 20:00 часот, театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја одигра претставата за исповедта на жртвите на еден систем и нивните животни предизвици „Бара“. Сценариото и режијата се на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованска Сион Доленц. Играат: А. Мојсоска, А. Карали, Ѓ. Целески, К. Крежевска, К. Ристески и С. Јаковлева.Во четврток, на 15-ти јуни, во...

Продолжи со читање

Пецаков гневен поради пренасочувањето на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга

Post Views: 634 Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, иформира од АМСМ.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, гневен за хаосот кој ќе се создаде затоа што стариот пат Охрид – Струга нема капацитет за обемот на сообраќај во туристичка сезона. Тој во објава на Фејсбук вели „7 години не помрдна „автопатов“ сега на...

Продолжи со читање

Објавен огласот за издавање локации за продажба на сладолед, слики и книги

Post Views: 370 Општина Охрид објави оглас за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема за комерцијална намена.Се издаваат :14 локации за поставување фрижидери за продажба на сладолед по должината на Kej„Македонија“, на плоштад „Крушевска Република“, на ул.,,Климент Охридски,, и на патеката од„Канал Студенчишта кон хотел Парк“. На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина 4м2.5 локации за поставување урбана опрема за продажба на книги меѓу...

Продолжи со читање

Во понеделник дезинсекција против комарци

Post Views: 270 На ден 12.06.2023 година (понеделник) ќе се спроведе дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Општина Охрид.Дезинсекцијата ќе се врши на површина од 500 хектари на територијата на Општина Охрид.

Продолжи со читање

111 години од раѓањето на Ванчо Николески

Post Views: 406 Денеска се навршуваат 111 години од раѓањето на Ванчо Николески ( 1912 – 1980 ), романсиер, раскажувач и поет.Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна.Негови најпознати дела се поемата “Мице“, “Мое село“(песни), “Чудотворен кавал“(раскази), “Четиринаесет илјади ослепени“(историска поема за времето на Цар Самоил), “Волшебното самарче“(роман), “Гоце Делчев“(роман) и многу други.За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе...

Продолжи со читање

Сончево и топло време со умерена облачност

Post Views: 306 Денеска времето во Македонија променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.За време на викендов и во почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма...

Продолжи со читање

Стружанец приведен на ул. Железничка за напад врз полициски службеници

Post Views: 275 На 08.06.2023 во 22.10 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода В.Г.(20 годишен) од Струга затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.„Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Расте интересот за туристичко – угостителските струки

Post Views: 308 Расте интересот за средно стручно образование. Согласно потребите на пазарот на трудот учениците се повеќе се одлучуваат за стручно квалификување. Во угостителското училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид за учебната 2023/2024 година се оечкува да се запишат повеќе ученици од лани.Денес тоа се најдефицитарните кадри во земјава. Учениците покрај теорија имаат и пракса настава во хотелско угостителските објекти каде стекнуваат вештини и знаења за професионален развој.„Оваа година училиштето како и минатата година запишува ученици од угостителско туристичката...

Продолжи со читање

„Тие доаѓаат“ збирка поезија од ученици од основните и средни училишта во Охрид

Post Views: 257 Во просториите на Општина Охрид, денес, беше промовирана збирката поезија која е создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид. Насловот на оваа книга е „Тие Доаѓаат“, а издавач е Општина Охрид.Книгата е поделена во два дела и тоа прв дел се песните од учениците од основно училиште, додека вториот е резервиран за учениците од средните училишта. Збирката вкупно брои 55 песни, од кои 43 се од основците, а 12 од средните училишта. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиновски.„Чест и...

Продолжи со читање

Наскоро инклузивен интернационален Џудо натпревар во Струга

Post Views: 282 На 24 јуни во Струга ќе се одржи Интернационален Џудо натпревар во чии рамки ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All.Организатори се Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга.На настанот се очекуваат повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа.  Натпреварот ќе се одржи во Спортски Центар Тими Струга,ул.Боро Калајџиески, со почеток во 10:00 часот.

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнат со метални предмети на паркинг

Post Views: 344 На 08.06.2023 околу 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг на ул.„Караорман“ во Охрид, две лица физички и со метални предмети го нападнале С.Д. од Охрид. С.Д. бил пренесен во специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид.Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Минималната синдикална кошница за мај изнесува 49.025 денари

Post Views: 451 На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава за задоволување на основните потреби за живот му биле потребни 49.025 денари, информираа од Сојузот на синдикати на Македонија.Од овој износ на минималната синдикална кошница, 19.532 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392 денари, односно 30,41 отсто за домување, 3.196 денари за хигиена, 3.720 за превоз, 2.315 за облека и обувки, 1.067 за култура и 821 денар за одржување на здравје, или вкупно 44.047 денари. Кога на износот на минималната синдикална кошница ќе се додадат 4.977...

Продолжи со читање