Автор: инфодеск
Views: 42 Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -5 до 8 степени Целзиусови.Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет, информираат од УХМР.
И во Охрид работело диско/кабере без лиценца
Views: 98 Од Влада на РМ информираат дека на територијата на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор.Во моментот на надзорот субјектите не вршат дејност поради прогласената седумдневна жалост. Но, врз основа на податоците со коишто располага Државниот пазарен инспекторат и остварени контакти со одговорните лица на самите угостителски објекти, се обезбедени документи коишто се потребни за надзорот да биде извршен, и...
Предадена опрема – апарат за Коронарен (ЕКГ) стрес тест во ЈЗУ Кардиологија – Охрид
Views: 110 Предадена опремата – апарат за Коронарен (ЕКГ) стрес тест во ЈЗУ Кардиологија – Охрид обезбеден преку Центарот за развој на југозападен плански регион.Оваа напредна медицинска опрема овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.Придобивки од новиот апарат:Прецизна дијагностика – Овозможува детекција на коронарна артериска болест, аритмии и други срцеви нарушувања.Навремено откривање на ризици – Идентификува потенцијални срцеви проблеми пред појавата на...
Три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација предадени на ЈЗУ Нефрологија
Views: 64 Три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација предадени на ЈЗУ Нефрологија обезбедени преку Центар за развој на југозападен плански регион.Овие апарати ќе овозможат подобрена грижа за пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција, како и за оние со акутни состојби кои бараат напредни методи на прочистување на крвта, велат од болницата.Придобивки од набавката:1. Подобрен квалитет на третманот – Новите апарати нудат повисоко ниво на ефикасност во отстранувањето на токсините и вишокот течности од крвта, со што се подобрува општата здравствена...
Донесени решенијата за субвенционирање на трошоците за комунални услуги
Views: 74 Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици и ги донесе следните решенија:-РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ -РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ-РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВОДОВОД-РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРОБАРИНА-РЕШЕНИЕ ЗА ЛИЦА КОИ НЕ ИСПОЛНУВААТ...
Општина Охрид: Приватните станоиздавачи да ги проверат Решенијата за вршење дејност
Views: 82 Од Општина Охрид нформираат дека сите приватни станоиздавачи-даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор треба да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам при Општина Охрид. Издадените решенија имаат важност од 3 години и доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението.Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека доколку започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со казни. Општинските Овластени инспектори по туризам и угостителство ќе...
Охрид тагува
Views: 85 Стотици запалени свеќи, цвеќе и пораки со почит за жртвите во Кочани. Охрид денес тагува. Средношколците со мирен марш од своите училишта утрово се упатија на охридскиот плоштад. Велат тагуваат за своите врсници, болката е голема за прерано згаснатите млади животи.-Денеска даваме почит и поддршка на починатите и нивните семејства, рече Иво Георгиевски претседател на Младинска заедница во ОСУ Свети Климент Охрид.-Денеска оддаваме почит на жртвите и нашите врсници соученици од Кочани кои погинаа во овој трагичен настан Денешната цел е да искажеме...
Денес започнува теренската контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клуб
Views: 98 Денес започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации. Премиерот Мицкоски уште завчера на прес-конференција во Владата рече дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе...








