Автор: инфодеск
Post Views: 279 На 09.04.2023 година во 01:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, покрај крајбрежието на Охридското езеро, околу патека која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација.Повредени лица нема, а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Тендерашите на сијалици да си ја завршат работата, а не само пари да лапаат, реагираат граѓаните
Post Views: 663 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, наши сограѓани се жалат на фирмата која со јавно приватно партнерство се грижи за осветлувањето во нашиот град. Имено, станува збор за ул. „Питу Гули“.Велат дека „тендерашите на сијалици“ треба да се грижат и некој да не скрши глава, а не само пари да лапаат.Граѓаните потенцираат дека мораат од свој џеб да даваат пари за да ги поправат зафатите кои се изведени непрофесионално и небезбедно. Коментираат дека безбедноста на пешаците, пред се децата, е загрозена.Погледнете ги сликите кои што ни ги испратија во...
Во четврток премиера на комедијата Несфатената цивилизација
Post Views: 443 Во среда на 12-ти април предпремиера, а во четврток 13-ти април во НУЦК „Григор Прличев„ со почеток во 20 часот, премиера на „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, гротескна комедија во два чина. Влезот ќе чини 250 денари.Во комедијата играат : Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
Стружани сакаат да се гради ски центар на Јабланица
Post Views: 309 Стружани сакаат да се изгради најавениот ски центар на Јабланица. Според активистите оваа инвестиција нема да ја уништи природата, но ќе предизвика туристички бум во целиот регион. Поврзување на езерскиот со планинскиот туризам, продолжување на сезоната и вработување на над 2.000 туристички работници.Според проектот, жичарницата ќе биде одалечена само 3 километри од центарот на градот. Тоа значи дека туристите, ќе имаат можност да ја посетат планината преку целата година.Со оглед дека живееме во туристичко место освен езерскиот туризам летниот...
Грст медали за учениците од ООУ „Григор Прличев“ на Државен натпревар во Велес
Post Views: 299 На 60-тиот Државен натпревар на млади природници и техничари кој викендов се одржа во Велес, учениците од ООУ „Григор Прличев“ освоија бројни награди и медали.Лео Нелоски IX одд. освои I место во категоријата Конструкторство, под менторство на наставникот по техничко образование Благоја Ристески. Наум Смилевски VIII одд. освои I место- златен медал и Јон Ѓорѓиевски VIII одд. освои III место во категоријата Применета физика, под менторство на наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.Hа натпреварот учество зедоа 300 ученици кои се...
Од полноќ поскапуваат горивата
Post Views: 237 Горивата од вечерва на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за два денари за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84,5 денари за...
Велигденски базар и Велигденски хуманитарен концерт
Post Views: 248 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 13.04.2023 година ( Велики четврток) ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ проследен со концерт и музичко сценски перформанс на охридските културно – уметнички друштва.На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.Во забавниот дел од настанот ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот –...
Вечерва Велигденски концерт на Танец во НОБ
Post Views: 373 Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак – програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“.На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега,...
Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајка во Италија
Post Views: 337 Четири млади животи згаснаа во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во провинцијата Асти, Италија, јавуваат тамошните медиуми.Сообраќајната се случила на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде и во неа учествувале два автомобила. Во едниот бил една од жртвите, 23-годишен Италијанец, додека во другиот се наоѓале другите тројца загинати за кои италијанските медиуми јавуваат дека се 30-годишници кои се македонски државјани.Според дел од медиумите, тоа се македонски државјани кои живееле во Италија,...
Утре прекин во водоснабдување во високата зона на стариот дел на градот
Post Views: 283 Поради приклучување на новиот цевковод на улицата „Браќа Миладиновци“ во водоводната мрежа, на ден 11.04.2023 (вторник) од 08:00 до 16:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на сите улици од високата зона на стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Денеска е Велики понеделник
Post Views: 201 Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа. Свети Јован Златоуст вели: „Во таа седмица е пресудена...
Мирисот на нова книга ја најавува пролетта
Post Views: 335 Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура на РСМ, како Покровител на саемотго организира 35-от Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“.Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4-ти до 10-ти мај, во Арена „Борис Трајковски“, каде „Мирисот на нова книга“ на изложените штандови на над 50 учесници, во кои се вбројуваат најуспешните македонски издавачки куќи, се проектира да привлече илјадници љубители на...