Skip to main content

Автор: инфодеск

Женска трка во поддршка на жените со мултипла склероза

Post Views: 417 И оваа година Женска трка во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, даде придонес во зголемување на јавната свест за мултипла склероза (МС) преку споделување на едукативни банери на социјалните мрежи, за предизвиците кои го носи МС.Посебно задоволство ни претставува што оваа година учество зедоа и жени кои боледуваат од мултипла склероза и на тој начин докажаа дека покрај хроничната и макотрпна болест со која се соочуваат секој ден, достоинствено беа рамо до рамо со голем број наши соработници, искусни...

Продолжи со читање

Промовирана книгата Приказни од нашата мелница

Post Views: 225 Синоќа во Охрид беше промовирана книгата „Приказни од нашата мелница“, дело на авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ од Хрватска. Во ова издание, испреплетено со животните случувања на загребските медицински сестри, се раскажува за убавините на Охрид, како најголем туристички центар во Македонија.Пред присутните на промоцијата свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.Понекогаш не ја знаеме вистинската вредност на моментот додека тој не стане наш спомен. Некои спомени се незаборавни, а тие остануваат живи само...

Продолжи со читање

Бела прашкаста материја пронајдена кај охриѓанец

Post Views: 323 На 08/09.04.2023 година, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е К.Р.(24) од Охрид.При преглед извршен во близина на угостителски објект на „Кеј Македонија” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Инцидент по натпреварот Караорман-Охрид

Post Views: 391 На 08.04.2023 околу 17:00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид, во рамки на Втората фудбалска лига, бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот.Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков го честита Католички Велигден

Post Views: 305 По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и среќа. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на...

Продолжи со читање

Ученици од ОЕМУЦ со одлични резултати на регионален натпревар по англиски јазик

Post Views: 381 На регионалниот натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа одлични резултати.Ученичката Андреа Савиќ од прва година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска го освои првото место, а учениците Филип Гугоски од прва година, Андреј Цацаноски и Виктор Попов од трета година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска, како и Ана Спироска и Фросина Нечовска ученички во втора година под менторство на професорката Ива Стрезоска Кичеец го освоија второто место.Сите...

Продолжи со читање

Охриѓанец бил агресивен кон полициски службеници

Post Views: 277 На 07.04.2023 година во 15:30 часот, во СВР Охрид приведен е Г.К.(62) од Охрид кој, претходно на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.Потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна  пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар во куќа на ул. Петар Поп Арсов

Post Views: 479 На 06.04.2023 година во 20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во куќа лоцирана на улицата „Петар Поп Арсов” во Охрид, сопственост на М.Ш.(70) од Охрид, настанал пожар.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Хуманитарен фудбалски турнир

Post Views: 413 Во спортската сала „Билјанини Извори“ денеска се одржува хуманитарен фудбалски турнир на кој учествуваат сите основни и средни училишта од Општина Охрид, како дел од овогодишниот ПХВ-ЦКА циклус.Турнирот е во организација на две ПХВ групи од кои едната група работи на социјален проект, а другата група работи на проект со деца со попреченост. Влезот на овој турнир е 100 денари и сите собрани средства ќе бидат наменети за олеснување на животот на луѓето со попреченост и подобрување на условите за живот на социјално загрозено деветчлено семејство – велат...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков го честита меѓународниот ден на Ромите

Post Views: 340 По повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на ромската заедница.Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации. Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија.Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме...

Продолжи со читање

Денеска е Лазарова сабота, ден пред Цветници

Post Views: 410 Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го...

Продолжи со читање

Решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Post Views: 339 Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.За таа цел беше објавен Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.Решенијата може да ги погледнете на следниот линк

Продолжи со читање