Автор: инфодеск
Views: 83 Поради трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, вторник, 18 март, во Бугарија е прогласен за Ден на жалост, соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков.– Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште пациенти, изјави Жељазков.Министерот за труд и социјална политика на Србија, Немања Старовиќ, изјави дека утрешниот ден е прогласен за Ден за жалост во Србија.-Српската Влада ќе прогласи ден на жалост на територијата на цела Република Србија, тоа е најмалку што...
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, а концертот бил „на диво“
Views: 64 На денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства кои се користеле за време на концертот. Пиротехниката ќе се вештачи и допра ќе се дознава дали тие имаат дозвола за користење.-Од извршен разговор со член на ДНК, пиротехничките средстава ги обезбедил бендот. Лицето за нивна употреба починало во несреќата. Распишаната потерница за четирите лица е повлечена и истите се обезбедени, рече Тошковски.Министерот денеска изјави дека системот во земјата е...
Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка поради морални причини
Views: 83 Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, денес поднесе неотповиклива оставка поради морални причини.Неговото соопштение го пренесуваме во целост:Почитувани сограѓани,Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани.Оваа загуба е огромна!Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели.Шокот и скршеноста...
Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат
Views: 100Таравари во денешниот прес изјави дека сите хоспитализирани пациенти се во стабилна состојба, надвор од државата се пренесени 51 повреден, но и дека има пациенти што и денеска се јавуваат во болница. Во клинички центар има 49 пациенти, во „8 Септември“ 18 пациенти, стара градска болница 17.-Во Турција се 9 пациенти, во Бугарија 14 и во Грција 5, во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат испратени надвор од државата, во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти во Белград, во...
ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга и ЈЗУ Општа Болница Охрид ги ставаат на располагање своите ресурси за настраданите во Кочани
Views: 185 ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга информираат дека со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.Во нивното соопштение изразуваат длабоко сочуство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа.И од ЈЗУ Општа Болница Охрид изразуваат сочуство до фамилиите и ја нудат нивната целосна поддршка – медицинска, психолошка и човечка. -Нашиот тим е подготвен да помогне секому што има потреба, велат тие.
Светите маченици Павле и Јулијана
Views: 54 Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година.
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Views: 58 Од УХМР информираат дека денес не очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.Температурите во Охрид во интервал од 8 до 11 степени Целзиусови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на...
Тошковски за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца за работа
Views: 73 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес конференција попладнево изјави дека има над 20-тина осомничени лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на трагедијата во кочанската дискотека се починати, дел се во болница. Тој додаде и дека приведени се поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен/ сегашен раководител на еден сектор во рамки на министерство за економија, екс директор на дирекција и спасување и тројца вработени во дирекцијата.Тој информираше дека се обезбедени четирите лица за кои...








