Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес утрото сончево и топло, попладне нè очекува невреме со пороен дожд, грмежи и град

Views: 148 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималните температури во Охрид денес од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.И утре претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен...

Продолжи со читање

Охридскиот аеродром доби нов лик

Views: 198 Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ кој почна да се реконструира кон средината на јули денес официјално беше пуштен во употреба. За реконструкцијата беа инвестирани 2,7 милиони евра.– Со овој проект, чија вредност изнесува 2,7 милиони евра, средства од ТАВ Македонија ќе се инвестираат во неколку клучни сегменти на охридскиот аеродром. Првата фаза опфаќа реконструкција на патничкиот терминал и зголемување на оперативните капацитети, чек-ин просторот ќе се прошири од 6 на 8 шалтери и дополнителни 100 квадратни метри. Ова ќе овозможи зголемување на капацитетот за...

Продолжи со читање

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод 8 Септември – Денот на независноста

Views: 150 Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до своите сограѓани по повод  8 Септември –  Денот на независноста на Р. Македонија. ‎– Денешниот ден е потсетник за историската одлука, храброста и визијата  на генерациите кои го трасираат патот кон слободна, суверена  и самостојна држава.Овој голем празник го носи во себе заветот на нашите претходници, но и одговорноста што сите ние ја имаме кон идните поколенија. Независноста не е само историски чин, туку секојдневна обврска и градење подобро утре.   Затоа продолжуваме  посветено да...

Продолжи со читање

Утрово земјотрес од 3,9 степени во Охридско-струшкиот регион

Views: 203 Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 40 минути е регистриран во епицентралното подрачје Охрид-Струга, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Националниот парк Преспа, а според првичните информации, немало пријави за повредени или материјална штета по земјотресот.Според EMSC, земјотресот бил почувствуван во Македонија, Грција, Србија и Албанија.

Продолжи со читање

Македонско знаме 8-ми Септември

Македонија слави 35 години независност

Views: 181 Република Македонија одбележува 35 години од историскиот референдум со кој граѓаните на 8 септември 1991 година се изјаснија за самостојна и независна држава. Со овој чин започна ново поглавје во современата историја на земјата и се поставија темелите на независната македонска државност.На референдумот, граѓаните со големо мнозинство ја поддржаа одлуката Македонија да стане самостојна и суверена држава. Неколку месеци подоцна, на 25 септември 1991 година, Собранието ја усвои Декларацијата за независност, а на 17 ноември истата година беше донесен првиот Устав на независна...

Продолжи со читање

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

Views: 156 Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор. По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради...

Продолжи со читање

Денес сончево и топло со температури до 30 степени

Views: 169 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денес минималните температури од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови.Утре и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална...

Продолжи со читање

a man pumping gas into his car at a gas station

Ново поскапување на горивата: од вечерва на полноќ бензините 97, дизелот 101 денар

Views: 196 Дизелот од полноќ поскапува за шест денари и ќе се продава по 101 денар за литар, додека најголем ценовен скок има кај екстралесното масло за домаќинство, кое поскапува за осум денари и ќе достигне 105 денари за литар. Поскапуваат и бензините – Еуросупер БС-95 ќе чини 97 денари, а БС-98 ќе биде со цена од 99 денари за литар.Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), со која се зголемуваат малопродажните цени на сите нафтени деривати во земјава.Еуродизелот (Д-Е V) од полноќ ќе се продава по 101,00 денар за литар, што е зголемување...

Продолжи со читање