Skip to main content

Автор: инфодеск

Собраните средства од хуманитарните паркинзи донирани на Центарот за аутизам

Post Views: 232 Финансиските средства кои беа собрани во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“ реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, денеска беа донирани на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, кој функционира во охридската Општа болница.Се работи за износ од 62.420 денари и истиот бил наплатен од двете хуманитарни паркинг места на улица „Кеј Македонија“, со кој претпријатието располагаше во период од 20.07.2022 до 31.12.2022 година. Одлуката за доделување на средствата ја донесе Управниот...

Продолжи со читање

Годишнина од смртта на Благојче Крстаноски

Post Views: 479 По повод годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во селото Ливоишта.Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за...

Продолжи со читање

Свежо цвеќе во чест на Методи Патчев

Post Views: 525 Делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, по повод годишнина од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.

Продолжи со читање

Пред велигденските празници АХВ ги засили инспекциските контроли

Post Views: 254 По налог на директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, инспекциските служби на АХВ пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата...

Продолжи со читање

Препознавање и справување со семејно насилство

Post Views: 388 Во просториите на Здружението на глуви и наглуви лица во Охрид, се одржа предавање на тема ,,Препознавање и справување со Семејно насилство”.Предавањето беше во организација на Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”. Предавањето го водеше Ирина Трајаноска.Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од...

Продолжи со читање

Со дуално образование ќе се надополнува недостигот на кадар

Post Views: 485 Со дуално образование Струга ќе го надополнува недостигот на кадар на пазарот на трудот. Пекари, слаткари и текстилци се едни од најбараните стручни кадри.Стручното училиште „Нико Нестор“ преку практична настава во компаниите, во текот на четиригодишното образование ги подготвува учениците да може да одговорат на потребите на пазарот.Практичното работење во една компанија сите четири години практичната настава ја изведува во истата компанија. Предност за компанијата односно најголемата придобивка за компанијата е тоа што после четири години добива...

Продолжи со читање

Бакарната уметност од рацете на охриѓанката Ленче

Post Views: 308 Дваесет и три години, охриѓанката Данче Наумоска, изработува предмети од бакар. Дел од нејзиното творештво чинат најразлични предмети, рељефни слики, во последно време и накит. Наумоска работи во најразлични техники, патинирање, посребрување, позлата, рељеф, потоа користи бои, се со цел нејзиниот краен производ да биде скроен по желба на купувачот. Вели, уникатноста е начинот на кој може да се опстои во време кога сите купуваат производи онлајн. Данче изработува и бакарен накит, иснпирацијата биле флората и фауната од Охридското езеро.Моите производи се...

Продолжи со читање

Приведени две лица од Велгошти

Post Views: 260 На 07.04.2023 во 01:25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(29) од Охрид и С.К.(26) од охридското село Велгошти.При контрола на патничко возило „фиат пунто” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охридско лето со Велигденски концерт Воскресение твоје

Post Views: 252 Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 20 часот.„Св. Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика ширум светот.„Св. Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен...

Продолжи со читање

СДСМ: Повикот за клима уреди изрежиран

Post Views: 260 Од ОО на СДСМ изразуваат сомнеж дека јавниот повик за субвенционирање клима уреди од страна на Општина Охрид е, како што велат, целосно изрежиран и нашминкан.,,Триесетина клима уреди, пуштени на најјако, во рекордно време го стопија повикот за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за 2023 година”- стои во сооштението од партијата.„Вчера охриѓани денот го поминаа пред општинската зграда барајќи објаснување од надлежните, зошто не им се примаат документите согласно повикот за субвенционирање на клима уреди ! Откако добија...

Продолжи со читање

Реконструкција на потпорен ѕид на пристапна улица во Вевчани

Post Views: 337 Во рамките на Програмата за изградба, реконструкција, заштита и одржување на локални улици и патишта на територијата на општина Вевчани за 2023 година, во тек е активност за реконструкција на потпорен ѕид на пристапна улица во Вевчани.Поради дотраеноста и целосната амортизираност потребно е реконструкција на потпорни ѕидови на одредени локални патишта и улици на територијата на општина Вевчани. Дополнително, во тек се активности за изработка на техничка документација за реконструкција на пристапната улица Костојчини-Шекуткој – информираше...

Продолжи со читање

Во сабота акција за собирање зелен отпад на повеќе локации

Post Views: 230 ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.04.2023 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и „Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 08.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот...

Продолжи со читање