Skip to main content

Автор: инфодеск

Активности за уредување на зеленилото во градот и селата

Post Views: 411 Пролетни активности на екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ за уредување и тековно одржување на зеленилото во градот и селата.Хортикултурно се уредуваше дворот од ОУ „Св. Климент Охридски“-оплеменување на парковските содржини со нови садници во школскиот двор. Нашите екипи имаа вонредни активности за отстранување на дива и жбунеста вегетација, како и кастрење на надвиснати гранки кои го попречуваат прегледното движење во селата Ливоишта и Љубаништа. Одржани се и тековни активности за косење на тревните површини во нас. Христо Узунов, покрај каналот Студенчишта...

Продолжи со читање

Сончево време со мала до умерена облачност

Post Views: 314 По ведрото и студено утро во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Утринските температури се движеа од минус 6 до 2 степени, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот од 6 до 14 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Денеска е Свето Благовештение-Благоец

Post Views: 217 Празник на радосната вест и на пролетната убавина.Денеска честитајте именден на сите што го носат името: Благоја, Благојка, Блаже, Благица, Баже, Блага, итн.Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како...

Продолжи со читање

Започна Регионалниот натпревар Млади библиотекари

Post Views: 248 Денеска во 10 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ започна Регионалниот  натпревар „Млади библиотекари“ на кој учество зедоа 14  ученици од Основните училишта во Охрид и општина Дебрца.Тестот за натпреварувачите ќе се состои од 20 прашања на кои писмено ќе одговараат за време од еден час. Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.Победникот од натпреварот ќе се стекне...

Продолжи со читање

ПСУ Јахја Кемал објавува конкурс за стипендии

Post Views: 495 ПСУ „Јахја Кемал“ објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната https://www.ykc.edu.mk/scholarship, рокот за пријавување е до 08.04.2023 година.На тестирањето за стипендија:● Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.●Тестирањето за стипендија ќе се полага на Македонски, Албански, Турски и Англиски јазик.● За тестирањето не е задолжително познавање на Англискиот и Турскиот јазик.●Доколку...

Продолжи со читање

Оваа сезона цените на хотелските услуги повисоки за над 30%

Post Views: 263 Оваа сезона цените на аранжманите во хотелите на брегот на Охридското Езеро ќе бидат повисоки за над 30%.Тоа се должи на поскапувањето на сите производи, енергенсите, а најмногу на повисоките плати за персоналот. Замрзнувањето на цените на дел од прехрамбените производи нема да ги намали  цените на услугите во хотелскиот сектор, велат од ХОТАМ.И покрај поскапувањето на хотелските услуги, земјава останува најевтина дестинација во регионот.Уште стоиме како една поевтина дестинација. Покрај сите поскапувања кои ги имаме на Балканот сме уште една од...

Продолжи со читање

Голема хуманитарна забава во Касарна Охрид

Post Views: 300 Младински Центар Охрид, на ден 07.04.2023 година (петок) организира хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески” кој ќе се одржи на полигонот од поранешната Касарна Охрид.Настанот е поддржан од: Касарна Хаб, Malche Sound Production, Shilla, Пекара Илинче, Сендвичара Палма, Фризерски салон Младен.Активности ќе има преку целиот ден, урбана уметност, пинг понг турнир, серва, шах, јамб, уно итн., а од 15 до 19ч ќе се пушта музика на звучници, DJ set на DJ Martino, информираат организаторите.

Продолжи со читање

Македонија со најниска просечна плата на Балканот

Post Views: 1.220 Македонија со 550 евра ја има најниската просечна плата од земјите на Балканот. Просечната плата во Црна Гора е највисока и изнесува 757 евра.Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на социјалните мрежи се пофали со резултатите истакнувајќи дека земјата е на вистинскиот пат, а програмата ги дава посакуваните резултати.Во Србија просечната плата изнесува 706 евра, додека во Босна и Херцеговина 617 евра.Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во јануари 2023 година,...

Продолжи со читање

Пожар на отпаден материјал во атарот на Климештани

Post Views: 402 На 05.04.2023 во 15:26 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на отпаден материјал во атарот на селото Климештани, општина Дебрца, во кој нема повредени лица.Пожарот бил изгаснат од жителите на селото – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Малолетник нападнат во кругот на средно училиште

Post Views: 294 На 05.04.2023 во 21:40 часот, Д.Ј.(50) од Охрид пријави дека, во кругот на средно училиште во Охрид, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Промоција на туристичките потенцијали на охридско-струшкиот регион на саем во Тирана

Post Views: 262 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на Expo tourism -интернационален саем за туризам во Тирана.Заедно со општина Струга од 6-ти до 8-ми април ги промовираат туристичките потенцијали на охридско–струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава.Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот....

Продолжи со читање

Вечерва премиера на претставата Мали vs Голем

Post Views: 654 Вечерва со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.Исклучително сум изненадена и почестена сум што имав можност да работам со толку талентирани деца. Со Тинка...

Продолжи со читање