Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид

Одлука за спроведување стратегиска оцена на урбанистичкиот план за изградба на линиска инфраструктура КО Долно Лакочереј

Views: 118 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15,  129/15, 39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид,  на ден 06.03.2025 година,  донесе:ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА- ПРИСТАПЕН ПАТ НИЗ КП 1 И КП 80/51, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ-ВОН ГРАД.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Уште не отворен, адреналинскиот парк веќе со знаци на уништување

Views: 178 Иако минатата година градоначалникот Кирил Пецаков го најави отворањето на најголемиот рекреативно-авантуристички парк во Југоисточна Европа токму во Охрид, на местото на поранешната Касарна, по се изгледа, уште неотворен, адреналинскиот парк веќе започна да се распаѓа. Местото каде што беше предвидена изградба на два типа адреналински паркови, еден за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица, по се изгледа нема да го види светлото на денот.Наши сограѓани кои често поминуваат во близина на местото на адреналинскиот парк ни ги испратија фотографиите на...

Продолжи со читање

новаци

Дали процесот за изградба на регионална депонија се враќа на почеток?

Views: 118 Дали процесот за изградба на регионална депонија се враќа на почеток откако битолчани се изјаснија против тоа истата да им е лоцирана во нивната општина?Советот на Општина Битола вчера на вонредна седница, едногласно го изгласа заклучокот со кој бара од Владата да ја промени локацијата за изградба на регионална депонија, која според планот треба да се изгради во Новаци. Претходно Општина Новаци го прифати предлогот на нејзина територија да се гради регионална депонија за потребите за одложување и преработка на сметот од 18 општини во југозападниот и пелагонсикиот...

Продолжи со читање

СВР Охрид ги едуцира средношколците за безбедно користење интернет и дигитални платформи

Views: 118 Во периодот од 03 до 11. 03. .2025 година, отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.Пред учениците и наставниците од наставничкиот совет при електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски”, беа одржани типизирани едукативни предавања на тема „Безбедно користење интернет и дигитални платформи” при што, низ инерактивна комуникација, покрај за позитивните страни на интернетот, се дискутираше за погрешните намени, за формите  на злоупотреба пред се на децата и младите, за облиците на насилства и агресивно...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“

Views: 137 Утре, петок од 12.00 часот во Големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот  на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова.Сценариото и режијата се на Стоилковска, а говор за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски.Настанот заеднички...

Продолжи со читање

„Д Фестивал“ после 14 години од Дојран се сели во Штип

Views: 90 „Пасворд продукција“, организатор на еден од најголемите фестивали во државава – Д Фестивал, кој со години се одржува во Дојран, соопшти дека оваа година фестивалот ќе се одржи покрај реката Брегалница, во Штип.-По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно БЛАГОДАРАМ на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое својот град го направија местото каде што од 2011 година нашите соништа се спојуваа со реалноста. Но,...

Продолжи со читање

Денес предавање за метеорологијата

Views: 66 Од ОСУ „Св. Климент Охридски” информираат дека професор д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ, во Гимназијата ќе одржи предавање за значењето на метеорологијата како научна гранка на физиката.-Преку теми како моделирање на атмосферата, екстремни временски настани и нумерички симулации, тој ќе нè запознае со важноста на оваа област при соочување со климатските промени, додаваат во нивното соопштение.Предавањето ќе се одржи денес, 13 март 2025 година (четврток) во 11 часот во Гимназијата “Св. Климент...

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Протериј

Views: 67 Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес беше осудена, а Диоскор беше симнат од престолот и испратен во прогонство. На негово место беше избран овој правоверен маж Протериј. Тој...

Продолжи со читање