Skip to main content

Автор: инфодеск

Зголемени цените на угостителските услуги

Post Views: 224 Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,5 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,2 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент и Ноќевања за 1,7 процент.Во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари − март годинава во однос на истиот период од минатата година цените...

Продолжи со читање

20 години детски фестивал Поточиња

Post Views: 362 На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“.Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на „Поточиња“.За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ).Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

Продолжи со читање

Потпишан договор со ЕБОР за решавање на проблемот со цврстиот отпад

Post Views: 271 Стартува проектот за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во државата. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за грант средства обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за цврст отпад“.Реално започнуваме со имплементација на она што го најавувавме. Овој процес е многу значаен за државата бидејќи самиот проект опфаќа 5 региони, од кои во 4 досега...

Продолжи со читање

Денеска облачно со слаби врнежи од дожд

Post Views: 272 Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови претпладне ќе има локални врнежи од слаб дожд, на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.

Продолжи со читање

Рочиште Пендиков

Почна судскиот процес за Пендиков

Post Views: 315 Со изведување писмени и материјални докази денеска почна главната расправа од процесот што пред охридскиот Основен суд се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.Претставник на Обвинителството на денешното судско рочиште го прочита обвинителниот акт, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Илија Спасески пред Судот се произнесе дека не е виновен.Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија...

Продолжи со читање

Свикана дваесет и шестата седница

Post Views: 352 Свикана дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид на 11.04.2023 година (вторник) со почеток во 9 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.ДНЕВЕН РЕДПредлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на...

Продолжи со читање

Две можни, но различни визии за иднината на регионов се во игра

Post Views: 340 Две визии за зачувување на природното и културното наследство кое ни е оставено како наследство. Едната е да се зачува ова единствено природно и културно богатство со кое располагаме, што пак ќе донесе вистински бум во развојот на туризмот и онаа другата визија за иднината нејзин див, неконтролиран развој, нелегални градби, непочитување кон животната средина и иднина во која ќе го уништиме  природното и културно богатство кое го имаме, кажа Евро амбасадорот Дејвид Гир, при неговата посета на Општина Дебрца.Што треба да се направи? Сите заеднички...

Продолжи со читање

Откриена бесправна сеча на огревно дрво во Лешани и Велмеј

Post Views: 541 На ден 18.03.2023 година, шумочуварската служба од Подружницата Галичица во Охрид во заедничка акција со Шумската полиција од Охрид, на м.в. Никутинец, атар на село Лешани, откри бесправна сеча на огревно дрво во количина од 10 метри просторни.Истиот ден, друга патрола на Шумската полиција од Охрид, во атар на селото Велмеј, откри исто така бесправна сеча на огревно дрво.Бесправно посечената дрвна маса е одземена и записнички предадена во Подружницата Галичица во Охрид. И за двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Продолжи со читање

Не наседнувајте на SMS порака со линк од лажен сајт на УЈП

Post Views: 501 Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС-пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.СМС пораката од број од мобилен е со содржина: УЈП: Извршете ја задолжителната пријава https://ujp-gov.mk/potvrda. На линкот има повеќе форми каде што се бара да се пополнат лични информации (име, презиме, адреса, итн, детали од платежна картичка и слики од документи). “–Никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични...

Продолжи со читање

Казнети 16 пешаци во Охрид, 13 во Струга

Post Views: 220 На 03.04.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот, преземени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште (Охрид-16, Струга-13, Кичево- 3). Против нив биле поднесени соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Се одржува јавната чистота на повеќе локации низ градот и околината

Post Views: 316 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска реализираа низа активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации низ Охрид и околината.Беше извршено чистење на дива депонија во близина на метеоролошката станица. Подигнат е расфрлан отпад покрај патот до с.Елшани, се чистеше и метеше во селото и населба Лагадин, како и во с.Косел во близина на реката. Екипите го подигнаа натрупаниот отпад од езерските бранови во крајбрежниот појас плажа Грашница, месноста „На Дол” Трпејца , плажата кај Љубаништа во близина на река Черава и градски кеј. Се...

Продолжи со читање

Стружанец нападнат со тврд предмет во Орман

Post Views: 443 На 03.04.2023 во 10:45 часот во СВР Охрид, од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”, пријавено е дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(42) од Струга.Според пријавеното, на 02.04.2023 во селото Орман. А.И. бил нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање