Skip to main content

Автор: инфодеск

Претседателот на Советот на Општина Охрид ги прими учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  

Post Views: 9 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски птретпладнево во просториите на локалната самоуправа ги прими учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  што започна денес под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа. Учесниците кои се млади поети од  Македонија, Бугарија, Грција,  Албанија, Турција утрово беа во просториите на ООУ „Ванчо Николески“по што беше положено цвеќе на вечното почивалиште на Николески во Охрид.Кампот од Охрид и родното место на Николески, Црвена Вода ќе се пресели во...

Продолжи со читање

Трипуновски: Прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга

Post Views: 8 Шумската и Граничната полиција на терен – прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга, објави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга бил контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.-За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземено од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга,...

Продолжи со читање

Црвен Крст Охрид организира Escape room

Post Views: 15 Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира интересна активност каде младите можат да ја покажат својата тимска работа, решат загатки и избегаат од таканаречениот ESCAPE ROOM.Тема на настанот е „Шетајќи по запуштениот град, наоѓате ранец во кој би можеле да ги најдете потребните залихи за живот. Се обидувате да го земете, но набргу опасноста повторно се приближува.“Настанот ќе се одржи во деновите среда, четврток и петок (28, 29 и 30 август) од 17:00 до 03:00 часот на паркингот во Касарната. Цената по учесник е 200 денари, а собраните средства ќе бидат...

Продолжи со читање

Во Охрид одржан 6. Балкански поетски камп „Ванчо Николески”

Post Views: 13 Расте интересот за изучување македонски јазик во Грција. Иако грчката држава сè уште официјално не дозволува школи на македонски јазик, заврши судскиот процес, и не се укина првиот Центар за македонски јазик во Лерин.Македонците не потклекнуваат на притисоците, тие сакаат да го негуваат македонскиот јазик, култура и традиција, порачаа присутните на Шестиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески” во Охрид.„Тоа е електронска школа, интернет платформа за да може било кој што сака да учи македонски јазик. Некои што се свесни Македонци, свесни...

Продолжи со читање

СВР Билтен: нарушен јавниот ред и мир во с. Ботун и на ул.„Даме Груев“ во Охрид

Post Views: 17 На 21.08.2024 во 14.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Ботун, општина Дебрца, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од 49 годишен ресенчанец врз 65 годишно лице од с.Ботун. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 21.08.2024 во 16.47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 4 лица, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Продолжи со читање

Денес започнува Охридски хорски фестивал

Post Views: 10 Од 22 до 26 август, во хотелот Инекс Олгица ќе се одржи Охридскиот Хорски Фестивал.Ќе настапуваат хорови од Унгарија, Полска, Чешка, Хрватска, Латвија, Естонија, Турција, Босна и Херцеговина но и Македонија.Целосната програма може да ја погледнете на официјалната страна на Охридскиот Хорски Фестивал.

Продолжи со читање

Започнува ФЕР ПЛЕЈ КУП најмасовниот спортски настан за деца

Post Views: 16 ФЕР ПЛЕЈ КУП започнува денеска и по 13ти пат се одржува на СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид.Ова година учествуваат близу 120 екипи во 6 возрасни категории од целиот Балкан.-Ние како организатори се радуваме на вашето учество и ви посакуваме пријатно добредојде во балканскиот Ерусалим, да уживате низ натпреварите како и во убавината на Охрид. На родителите и публиката, да се радуваме на сите натпревари за уживање и другарување на децата , сите учесници да ги наградуваме со аплауз да бидеме коректни и да го разубавиме настанот. Резултатите кај децата не...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Post Views: 24 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:00 до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“ , „Билјанини Извори“ и „Никола Карев, информираат од ЈП Водовод – Охрид.

Продолжи со читање