Автор: инфодеск
Post Views: 423 Утре започнува 61-то издание на на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Фестивалот ќе биде отворен со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл „Танец“ на сцената на Долни Сарај. Концертот е со почеток во 20 часот и 30 минути.Во рамки на фестивалот, утре од 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Слaвко Упевче.Балканскиот фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација...
Муренките црници во изумирање во Радожда
Post Views: 225 Утре 7-ми јули (четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи самостојна изложба на академскиот сликар Славко Упевче. Изложбата е организирана како придружна манифестација на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри од Охрид, а е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Славко Упевче.По изложбата следува и свечен коктел на бродот „Армада“. Тргнување во 19 часот.
Приведен државјанин на Украина во Охрид
Post Views: 183 На 05.07.2022 година во 1 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина.Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир – информираат од СВР Охрид.
Иницијатива за сезонска авиолинија Белград-Охрид
Post Views: 331 Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, Љупчо Јаневски, зеде учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време”.Конференцијата е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата „Отворен Балкан”.Јаневски денеска оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија,...
Загинаа двајца работници во Кавадарци по пад од кран
Post Views: 544 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби.Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена...
Нови 293 случаи на ковид во земјава
Post Views: 221 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19.Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од:...
Италија прогласи вонредна состојба поради суша
Post Views: 350 Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони поради најлошата суша во последните 70 години во државата, пренесува „Евроњуз“.Вонредна состојба е прогласена во реоните Емилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Ломбардија, Пиемонт и Венето, информираа властите преку соопштение.Вонредната состојба се воведува поради пресушувањето на реката По и источните алпски басени.Советот на министри најави дека ќе издвои околу 36.5 милиони евра за да се справи со сушата.Долината на реката По, во која инаку се произведува околу 40 отсто од храната...
Пожар на Пелопонез
Post Views: 347 Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина.Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни од општините.По препорака на противпожарните служби, вчера, преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на четири села, превентивно да се евакуираат.Исто како и вчера,...
Авион летал со огромна дупка на трупот
Post Views: 352 Патнички авион „Ербас А-380“ на компанијата „Емирати“, речиси 14 часа летал од Дубаи со огромна дупка на трупот, пред да слета во Бризбејн, Австралија.Се верува дека штетата е предизвикана од експлозија на гума по полетувањето од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. За време на летот, патниците му пријавиле на екипажот дека слушнале силен тресок при прелет над океанот. Авиокомпанијата донела одлука да го продолжи летот кој траел 14 часа, пишува „Дејли мејл“.Тие стапиле во контакт со Контролата на летање на аеродромот во Бризбејн непосредно пред слетувањето...
Нова депонија на улицата Јане Сандански
Post Views: 570 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ наш сограѓанин ни испрати слики од нова депонија на улицата „Јане Сандански“. Ова е неговиот коментар :На повидок нова депонија позади стариот маркет „Дон” на ул. „Јане Сандански“ – вели Климовски за „Ти си твојот град“.Биди и ти дел од „Ти си твојот град“. Сликај, сними, испрати на нашата меил адреса tisitvojotgrad@tvm.mk и добиј вредносен ваучер или подарок од нашите пријатели.
Стружаните имаат право на чиста средина
Post Views: 312 Аква Здружение најавува акција за чистење на плажата 25 мај во Струга во петок на 8 јули под мотото стружаните имаат право на чиста средина.Истата е дел од проектот “(Локално) Младинско учество е важно“ кој ЗРА „Аква“ го спроведува во партнерство со Center for Intercultural Dialogue (CID) Kumanovo, а при спроведување на завршниот настан на кампањата за зајакнување на јавната свест за правото на здрава животна средина, ќе биде проследена и акцијата.Стружани имаат право на здрава животна средина, а тоа право е во наши раце, гласи клучната порака.Проектот...
Ногачески се обрати на настан во Грција
Post Views: 238 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, денес во Општина Терми, Грција се обрати на завршниот настан по повод успешната имплементација на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ Conse PP.Општина Дебрца е дел од овој проект кој се спроведува преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, а за што уште еднаш изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ, која го поддржа овој проект. Исто така упатувам покана до сите засегнати страни да учестуваат и на завршниот настан кој на 11.07.2022...