Skip to main content

Автор: инфодеск

Свети Новомаченик Агатангел Битолски (1727)

Views: 64 Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. Раката на друговерните гонители пак, секогаш успеваше да дофати по некоја жртва и да изврши зло. Мнозина од уловените христијани гонителите ги...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд

Views: 90 Променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме , проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2), во форма на невреме проследени со појава...

Продолжи со читање

Детската театарска претстава „Џинче” вечерва во НУЦК „Григор Прличев”- Охрид

Views: 67 Детската театарска претстава „Џинче” денес ќе се прикажува на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид.Претставата „Џинче” е работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет и раскажува за искреното другарство и предрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито.Претставата е работена по мотиви на книгата „Најдобриот Џин во градот” од Џулија Доналдон. Наменета е за деца од 3-13 години. Влезницата изнесува 150 денари.Сенкаши: Филип, Кате, Даре, Родне, Александра,...

Продолжи со читање

Силна поддршка за спортот во Охрид

Views: 88 Силна поддршка за спортистите, спортските клубови  и спортските манифестации во  Охрид.  Општината годинава издвои повеќе од 70 милиони денари за спортот. Се издвојуваат  и субвенции за ЈП Билјанини извори за користење на спортската инфраструктура од страна клубовите и школите.Како поранешен спортист и голем љубител на спортот актуелниот градоначалник Кирил Пецаков вели, спортот го доби заслуженото место.„ Кога седнав како градоначалник имавме 14 мил. евра долг сега оваа година сме во позитива 4 милиони евра  така да можам да кажам...

Продолжи со читање

Свр охрид

Во сообраќајка во Велгошти повредени три лица

Views: 121 На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во селото Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со охридски регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од с.Велгошти и мопед „лонгиа” со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.–Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот на возилото, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо”...

Продолжи со читање

Наредниот месец епска вело авантура на Славеј Планина

Views: 61 Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13-Април 2025 година со почеток во 10:00 часот, а со старт во селото Лактиње.-Сите љубители на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини, велат од Општина Дебрца.Настанот Славеј Планина МТБ тура 2025 е без котизација, а за учесниците обезбедени се бесплатни освежителни пунктови, вода, сок, енергетски барови, благо, овошје, магнезиум, ручек…...

Продолжи со читање

Со стотина садници се раззелени каналот Студенчишта во Охрид

Views: 115 Со садење на сто садници Чинар, иницијативата Збогум Буково започна зелена офанзива против аерозагадувањето. Наместо да се подарува цвеќе, симболично да се засади дрво за Денот на жената. Со оваа еко акција, што се одржа викендов се раззелени  каналот Студенчишта вдолж пешачката патека, ќе продолжи засадување нови задници за збогатување на зелената инфраструктура во градот.„ Нашите планови се постојанода реагираме до надлежните, да се бориме за она што е почната иницијативата за решавање на неколкудеценискиот проблем со депонијата во Охрид и формирање на...

Продолжи со читање

Српските студенти ја поминаа ноќта пред РТС

Views: 88 Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма.Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа.  Во зградата на телевизиската куќа пак распоредени се поголеми полициски сили во полна опрема за разбивање немири.-Вечерва сидрото на РТС не нарече толпа. Затоа вечерва ја блокираме зградата на РТС. Без насилство, без упади. Сите вработени ќе смеат да излезат од зградата – но никој не влегува, велат...

Продолжи со читање