Автор: инфодеск
Post Views: 453 Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат”, го промовираа Речникот на медиумската писменост. Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата.„Целта на креирањето на оваа онлајн публикација е да се пополни празнината со којашто со години наназад се соочуваат медиумските професионалци,...
На охридскиот аеродром слетаа првите туристи од Манчестер и Лондон со TUI UK
Post Views: 537 ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, денеска на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници од Манчестер и од Лондон (Гетвик), со што го означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ.Почнувајќи од денес, 31-ви мај, охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе служи како врска за редовни сезонски летови меѓу Манчестер и Лондон (Гетвик), и прекрасниот град Охрид. На летовите ќе лета британската компанија TUI UK.Директните воздушни врски што ги обезбедуваат овие чартер-летови ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања...
Концерт на Александар Јовевски ,,ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО” на Етно фестивалот “Охрид”
Post Views: 567 На 14 јуни по втор пат, ќе се одржи Етно фестивалот “Охрид” со концерт на Александар Јовевски, насловен ,,ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”.Истоимениот албум e нов музички етно проект на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес. На концертот ќе бидат застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, како и женски вокали. Истиот ќе биде збогатен со клавијатури, перкусии и бас гитара. На концертот ќе бидат изведени обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај...
На Американците им е доста од провокациите на Курти
Post Views: 337 САД и воведоа санкции на Приштина откако таа ги игнорираше американските повици за деескалација на ситуацијата во општините на северот на Косово. Прво беше откажано учеството на Косово во вежбата „Дифендер Европа 2023“, потоа на косовските владини претставници им беше забранета понатамошна посета на САД. Американскиот амбасадор Џефри Ховениер кажа дека Вашингтон во моментов нема интерес да лобира за признавање на независноста и евроатлантските интеграција на Косово.Откажувањето на учеството на големите воени вежби на НАТО е првата последица што ќе ја...
Сеизмолошка опсерваторија Скопје со детали за земјотресот во охридско-струшкиот регион
Post Views: 414 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Охрид-Струга.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10 часот и 14 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV...
Почувствуван земјотрес во Охрид
Post Views: 479 Во 10 часот и 14 минути охриѓани почувствуваа земјотрес. Според првичните информации потресот бил со јачина од 3,3 степени според Европската макросеизмичка скала на длабочина од 2 км , на 10 км североисточно до Делогожда.Информациите се уште не се потврдени од сеизмичките опсерватории .
Петок пред Духовден неработен ден
Post Views: 387 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 02 јуни (петок) 2023 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Воска Спорт и тренерот Берат Имери се разделија
Post Views: 408 По историската сезона и влезот во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт остана без тренер, откако Берат Имери и новиот охридски второлигаш не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.„По неколку дена разговори, не можевме да најдеме заеднички јазик, па решивме да се разделиме. По тој повод Воска Спорт му се заблагодарува на тренерот Берат Имери за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим, посакувајќи му прво добро здравје и многу успех во тренерската кариера. Веруваме дека еден ден нашите патишта може повторно да се...
„Потребна ни е храна, не тутун“-отворен ден и едукација во Центар за јавно здравје Охрид
Post Views: 384 Под мотото ПОТРЕБНА НИ Е ХРАНА, НЕ ТУТУН, денес се одбележува Светскиот ден без тутун со цел да се истакне долгорочната важност на одгледувањето на одржливи и хранливи земјоделски култури, наместо тутун, што во актуелниот и многу сложениот момент за нашата планета и општество, особено е значајно.По повод Светскиот ден без тутун Центарот за јавно здравје ги поканува граѓаните на отворен ден во Советувалиштето за одвикнување од пушењето при ЦЈЗ Охрид, денес од 12 – 14 ч., каде ќе можат да ги дополнат своите знаења за штетноста на тутунскиот чад и на изложениот...
Што сè „улови“ видео мониторингот од убавиот жив свет на Галичица
Post Views: 1.149 Дел од богатото животинско царство од Галичица, на чело со Неговото Височество Рисот, а тука се секако и срните, волците, мечките, дивите мачки и др. „уловени“ од камерите поставени во НП Галичица. Сликите ги сподели Планинската спаителна служба при Црвен Крст Охрид , кои во соработка со НУНП Галичица и Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, пред извесно време започнаа акција за видео мониторинг во строго заштитените зони од националниот пак.„Жалиме што во оваа прилика немаме можност да Ви презентираме повеќе од огромниот фонд на фото и видео...
Умерено облачно, попладне дожд и максимална температура до 20 степени
Post Views: 258 Времето денеска во Македонија променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна до 20 степени целзјусови.Во следните денови во Македонија времето во претпладневните часови ќе се...
Охрид и понатаму со негативен прираст, помалку склучени бракови и помалку разводи
Post Views: 308 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Охрид бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 8,42% и изнесува 103 живородени деца.Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување и изнесува 166 лицa.Природниот прираст е негативен – 63 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.Биле склучени 35 бракови во ова тримесечје од годината што е намалување во споредба со истиот...