Автор: инфодеск
Post Views: 261 На 29.05.2023 во 22:45 часот на улица „Пирин планина“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 33 годишно лице од Охрид.„При преглед во возилото „фолксваген голф“, кое го управувал, биле пронајдени и одземени куршуми и футрола за пиштол. Подоцна при извршен преглед, во близина на неговиот дом во Охрид, бил пронајден и одземен пиштол“, информираат од МВР.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Примањето на ефикасен лек за МС, долгорочно на државата ѝ заштедува пари
Post Views: 396 На денешниот настан за одбележување на Светскиот ден на МС, во организација на Националното здружение за МС, претседателката на здружението изјави дека: „Секоја година на овој ден слушате за предизвиците со кои се соочуваат лицата со МС, но тоа за вас е еден ден, а пак лицата со МС ги живеат тие предизвици секој ден, секој час, секој миг!“.Денес, Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза во хотел Панорамика во Скопје.На настанот говореа Ана Карајанова Димитрушева,...
Градоначалникот Пецаков со поддршка на лицата со мултипла склероза
Post Views: 249 Во знак на поддршка на повеќе од 1500 лица во Македонија, кои се соочуваат со мултипла склероза – хроничнa болест со илјада лица, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се вклучи во кампањата по повод Светскиот ден на МС.Инспириран од симболот на знаковен јазик за зборот „заедно“, MS Heart е симбол на солидарност за сите погодени од мултипла склероза.• Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна, дегенеративна болест на централниот нервен систем и една од најчестите причини за инвалидитет кај младата работоспособна популација•...
Пендиков се врати дома за да сведочи пред судот
Post Views: 324 Христијан Пендиков се очекува да се појави на утрешното рочиште во Основниот суд во Охрид за нападот на 19 јануари годинава.Бугарски медиуми објавија дека секретарот на сега веќе згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис |||“во Охрид, доаѓа да сведочи пред судот за случајот за неговото претепување на 19 јануари пред угостителски објект на кејот на Охридското Езеро.Ова е прв пат Пендиков да се врати во родниот град откако со бугарски владин авион по инцидентот во јануари беше пренесен на лекување во Софија каде бугарските власти му обезбедија престој и...
Економско јакнење на жените
Post Views: 325 Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Се поголем е интересот кај жените од регионот, кои присуствуваат на обуки и работилници за едукација, поддршка и помош на женските бизниси.Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Жените денес имаат голем, сѐ уште неискористен потенцијал. Истражувањата покажуваат дека тие ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини, како што се: тимска работа, иновативност и решавање на...
39 медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација во Зворник
Post Views: 555 Грст медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, од гран при турнирот во Зворник, Босна и Херцеговина. Нашата федерација учествуваше со повеќе од четириесет претставници, а охридските и струшките клубови се покажаа во најсилно светло, освојувајќи најмногу медали.Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, изминатиов викенд , учествуваше на еден од најсилните и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона ,Меѓународниот Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2023” , во БиХ. На натпреварот...
Се работи на подобрување на водоснабдувањето во Општина Дебрца
Post Views: 323 Продолжуваат активностите за подобрување на водоснабдувањето во општина Дебрца.Деновиве се одвиваат градежни зафати за реконструкција на дел од главниот водоводен крак од пумпната станица “Св.Еразмо”, во должина од 180 метри.„Се демонтираат старите метални цевки и ќе бидат поставени нови HDPE цевки , фи 315 мм, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките имаше многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.” Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од...
Москва и Киев се напаѓаат со дронови
Post Views: 370 Во напад со беспилотни летала погодени се најмалку две станбени згради во Москва, со „мали“ оштетувања и без сериозно повредени, изјави рано утринава градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.Руската државна новинска агенција РИА објави дека некои жители на зградите на улицата „Профсојузнаја“ во јужниот дел на Москва се евакуирани.Неколку руски канали за пораки Телеграм објавија дека околу десет беспилотни летала биле соборени на приодите кон градот.И гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека противвоздушната...
Стружанка доминира – трет пат шампион во кадетската лига
Post Views: 462 Ракометарките на Стружанка ја одбранија титулата во кадетската лига, откако во финалето на Ф-4 турнирот, кој се одигра во Делчево, славеа над Ѓорче Петров со резултат од 28:24.Ѓорче Петров имаше водство до 48. минута од натпреварот, но во финишот од мечот струшките ракометарки беа подобри со повеќе концентрација во психилошки тежок натпревар, па со серија од 3:0 направија разлика и до крајот истата одржуваа и ја зголемија на конечни 28:24.Дека Стружанка доминира во кадетската лига, говори фактот што титулата е трета во низа, па така, овој струшки...
Охрид домаќин на конференција за Локална самоуправа, НВО, образование и спорт
Post Views: 204 Во Охрид започна тридневната Конференција „Проектни предизвици- Локална самоуправа,граѓански организации, образование и спорт“ што ја организираат Геостратешкиот институт „Глобал“, спортската академија „Скај Велнес“ и Општинскиот сојуз на училишен спорт. Во улога на домаќин на конференцијата пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој се осврна на значењето на спортот и физичката активност што е и главна тема на дискусија на настанот.„Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сум меѓу вас на отворањето ...
Изложба „APIS ART“- Пчелна уметност на 1 јуни во Касарна Хаб
Post Views: 492 Во просториите во Касарна Хаб – Охрид, на 01 јуни 2023 година од 18 часот ќе се одржи изложба на влијателниот уметник од Белград, Србија, Филип Цветковиќ насловена „APIS ART“ – Пчелна уметност.„Природата и уметноста се две нераскинливи целини, и двете целини имаат моменти кои ги тераат да бидат тесно поврзани со раѓањето и смртта.Црно-жолтиот мотив за природата значи опстанок, процесот на опрашување создава живот, создава сè што нè опкружува.Целта на прикажувањето на мотивот на пчелата е да се разгледа и прикаже значењето низ призмата на културата...
Претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со дожд
Post Views: 193 Времето денеска во Македонија претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со дожд, грмежи, засилен ветер. Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен целзијусов.Влијанието на циклонската активност од југоисток ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а...