Skip to main content

Автор: инфодеск

Св Кирил и Методиј

Јавен повик на субвенционирање на дефицитарни занаети

Views: 71 Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2519/1 од 24.02.2025 година објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТИ КОИ БЕЛЕЖАТ НАМАЛУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО КОНТИНУИТЕТ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

ТППЕ Охрид бара санкции за подметнувачите на шумските пожари

Views: 81 ТППЕ Охрид – Пожарна, со своите екипи го гаснеше шумскиот пожар кај селата Оздолени-Сошани, во Општина Дебрца.Пожарникарите  бараат под итно да се пронајдат сторителите на овие намерни потпалувања, и согласно законот да се санкционираат .-Вие како несовесни и неодговорни жители, треба да имате предвид дека со самите пожари кој ги предизвикувате ги намалувате капацитетите на Тппе Охрид , со оглед на тоа што пожарникарите се активни и гаснат пожари во урбана средина и извлекуваат и ваши членови од фамилијата од опожарени живеалишта и од сообраќајни незгоди, пишуваат од...

Продолжи со читање

Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Views: 65 Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја, во 787 година, каде што ереста беше осудена, а се врати и се...

Продолжи со читање

Сончево со мала облачност

Views: 79 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите во интервал од 2 до 18 степени Целзиусови.Во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Услови за...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа кај Рача, загина 27 годишен охриѓанец

Views: 91 На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 76 годишно лице од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 27 годишно лице од Охрид. Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на мотоциклот констатирал смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.Полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на...

Продолжи со читање

international women's day, international women's month, women's day, women's day background, background, holiday, march, feminism, greeting card, banner, women's day, women's day, women's day, women's day, women's day

8-ми март, Меѓународен ден на жената

Views: 91 Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8-ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на...

Продолжи со читање

Тодорова сабота

Православните верници ја слават Тодорова сабота

Views: 127 Во оваа прва сабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, коешто се случи вака: кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните.Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните. Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на Бога во првата...

Продолжи со читање

Продолжува периодот на сончево и топло време

Views: 82 Наутро постудено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер, информираат од УХМР.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 0 до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање