Skip to main content

Автор: инфодеск

Претпладне сончево, попладне дожд

Post Views: 343 Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.Во Охрид претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со услови за дожд. Минималната температура до 11 степени, а максималната дневна до 22 степени целзијусови.Влијанието на циклонската активност од југозапад ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а попладне...

Продолжи со читање

ОСУ „Св. Климент Охридски“: Искрено жалиме за настанатиот проблем со нашата ученичка

Post Views: 729 Во врска со денешните случувања околу полагањето државна матура како институција засегната во случајот со нашата ученичка сакаме да ја информираме јавноста дека искрено жалиме што се случува ваков несакан проблем и наша заложба е да помогнеме и да излеземе во интерес на матурантката и родителите, се вели во соопштението кое од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го објавија на нивната веб страна. Ова доаѓа откако ТВМ и низа други медиуми во државава објавија дека матурантка од охридската гимназија ја немало на списокот за државна матура, со што и било ускратено правото...

Продолжи со читање

Фер Плеj победата на ФФМ Детската лига ја посветија на повреден другар и соиграч

Post Views: 1.071 На првиот натпревар од завршницата на ФФМ Детската лига, фудбалерите на Фер Плеј од Охрид од генерација 2012 запишаа триумф од 2:1 над Кожуф со погодоците на Петар Перињо Цветкоски и Матеј Димитријески.Победата на младите охридски фудбалери е впечатлива, бидејќи нивното другарче воедно и соиграч во екипата, ја скрши ногата на тренинг и беше повеќе од потребен во екипата, но затоа неговите соиграчи победата му ја посветија со парола за побргу оздравување и враќање на фудбалските терени.Како што веќе објави ТВМ, завршниот турнир во ФФМ Детската лига...

Продолжи со читање

„ОХРИД ЕКО 2023“ голема еколошка акција за чистење на езерото од цврст отпад

Post Views: 600 Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад ,,ОХРИД ЕКО 2023,,Акцијата се изведе на две локации: Извори Св Наум, Пристаниште Св Наум – манастир Св Наум.На акцијата зедоа учество 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ, кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора.Од дното на Езерото се извади огромна...

Продолжи со читање

Бугариновиќ и Цветановски обезбедија победа за РК Струга за крај на успешната сезона

Post Views: 314 Ракометарите на Струга со победа над Јуниор КВ со 27:25 ја заврши успешно сезоната во плеј-аутот од Супер лигата на Македонија.Стружани зад себе имаат успешна сезона освојувајќи го 2. место во плеј-аутот и со тоа и следната сезона Струга ќе биде во ракометната „елита” на Македонија.Струга со триумфот го испрати Јуниор КВ во Првата ракометна лига, во натпревар каде двете екипи беа изедначени особено во првиот дел кога на полувреме резултатот беше 14:14. Во второто полувреме гостите од Скопје заиграа малку подобро, и имаа водство, но сепак, финишот од...

Продолжи со читање

Матурантка од Охрид обесправена, ја нема на список за полагање државна матура

Post Views: 599 На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и беше ускратено правото да полага државна матура. Нејзиното име не беше на списокот  мегу 200 те матуранти од охридската гимназија Свети Клиемнт Охридски, па беше вратена дома. Таткото револтиран , вели поради превид на надлежните во  училиштето девојчето, кое е солиден ученик, нема да може да се запише на планираниот факултет за Физиотерапија во Словенија.„Ќерка ми сакаше да студира во Љубљана сега тоа право и е спречено од толку агилната администрација и директорката во гимназија. Нека...

Продолжи со читање

Отворена самостојната изложба на Ѓоко Симјаноски во Тетово

Post Views: 461 Во концертната сала на поранешниот Дом на Армијата во Тетово синоќа беше отворена самостојната изложба на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски. Изложбата која е насловена „Го сакам Охрид… ама го љубим и Тетоо“ е можност љубителите на уметноста да видат 45 дела во сув пастел со мотиви од Охрид и Тетово.„Овде пред тетовчани ми е особено драго, што ги видов од моите роднини и многу пријатели и се најдовме после многу времиња. Понудувам 45 мои записи од мојата љубов кон Охрид но и кон Тетово, бидејќи сум половина тетовчанец. Ова е на некој начин и мој аманет...

Продолжи со читање

Мирно на северот на Косово по вчерашните инциденти

Post Views: 437 Повеќе од десетина повредени граѓани, 5 повредени полицајци и 4 оштетени полициски возила е исходот од вчерашните инциденти на северот од Косово.Утрово е мирно, а полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ со мнозинско српско население. Градоначалниците на овие општини беа избрани на последните вонредни локални избори, на кои поради српскиот бојкот излегоа само 3,4 отсто од граѓаните.Вчера околу пладне дојде до судири со косовската полиција на лица кои го спречуваа влегувањето на новите претседатели...

Продолжи со читање

До среда е рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022

Post Views: 337 Даночните обврзници имаат уште неколку дена за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022. Рокот изминува во среда на 31 мај. Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои тоа досега не го сториле, да ја регулираат оваа обврска која е поврзана со доходот што го оствариле во текот на минатата година.Од УЈП уште еднаш посочуваат дека потврдата или корекцијата на ГДП се врши електронски, преку  системот е-Персонален данок, каде што регистрираните корисници на своите кориснички профили  може да го менуваат статусот на пријавата. По...

Продолжи со читање

ГРК Охрид ја заврши сезоната на шестото место

Post Views: 325 Ракометарите на Охрид во последното коло претрпеа висок пораз од екипата на Бутел во Скопје со 24:17 и со тоа го загубија и петтото место во плеј-офот од Супер лигата на Македонија, па така сезоната ја завршуваат на шестата позиција.Екипата на Охрид беше поконкретна во воведниот дел, имаше три пат водство од два гола предност, но екипата предводена од Грчевски не дозволи гостинот од Охрид да направи поголема разлика, а до крајот на првиот дел Бутел стигна до водство од 12:9 на полувреме.Во вторито дел Бутел направи разлика на 14:9, па момците на...

Продолжи со читање

Нестабилно со услови за дожд и температура до 23 степени

Post Views: 286 Претпладне во Македонија сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура до 11степени, а максималната ќе се искачи до 23 степени.Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и...

Продолжи со читање

Млади фудбалери од Охрид и Струга на финален турнир на ФФМ Детска лига

Post Views: 499 Од денес до недела на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе се играат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.Турнирот започна денес , а ќе трае заклучно со недела во 13:30 часот. На ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).Од Охрид ќе учествуваат екипите на ФК Некст Левел, ФК Евро Фудбал и ОСК Фер Плеј, како и Јанг Тим од Струга.Ова е завршница на годишеното издание на Детската лига при Фудбалската федерација на...

Продолжи со читање