Автор: инфодеск
Views: 63 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска апелира сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и сигурни бидејќи, како што наведуваат, секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.Празникот 8 Март потсетува на важната улога на жените во нашето општество. На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата. Жените имаат сила, храброст, сообраќајно знаење и вештини, но и...
Вечерва изложба по повод Денот на жената на Фото клуб „Охрид“
Views: 119 По повод Денот на жената , 8-ми Март, Фото клубот „Охрид“ од Охрид ја најавува фотографската изложба насловена „Фрагменти на таа што создава“.– Придружете ни се во прослава на уметноста и женската енергија низ објективите на талентирани охридски фотографи, членови на клубот. Ве очекува вечер исполнета со инспиративни кадри, пријатна атмосфера и можност за убави разговори, порачуваат од клубот.Изложбата ќе биде поставена во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Отворањето е закажано за денеска во 19:30 часот.
Поради дефект прекин во водоснабдувањето на „Крали Марко“ и „Абас Емин“
Views: 58 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Крали Марко“, „Абас Емин“ вклучувајќи ги и споредните улици на улицата „Абас Емин“, информираат од ЈП Водовод Охрид. Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.
Наоѓање на моштите на мачениците во Евгенија (395-423)
Views: 59 Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.
Сончево со максимални дневни температури до 17 степени Целзиусови
Views: 54 Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 4
Views: 67 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 06.03.2025 година, донесе:ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 8 УБ 8.1 ОПФАТ 4, ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.
Сеќавање на писателот Тоде Илиевски
Views: 67 Писателите преку стихови и анегдоти на настанот „Писателите за писателот Тоде“ денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се потсетија на својот починат колега и чест собеседник Тоде Илиевски.– Да беше жив Тоде утре ќе го славеше 73 роденден, рече в.д директорката на библиотеката Христина Трпеска која ги потсети присутните на животот и делото на писателот Илиевски.Илиевски едно време беше директор на Библиотеката а од оваа установа замина во пензија.Библиотекарот м-р Милчо Јованоски како сублимат од денешната средба ја обелодени неговата идеја догодина во чест...
Советот за развој на ЈЗПР ја усвои листата на приоритетни регионални проекти за 2025-та
Views: 75 Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа 14-та седница на која членовите, градоначалниците на општините од регионот беа информирани за реализацијата на проектите и активностите на Центарот за развој на ЈЗПР во 2024 година.На седницата со која претседаваше градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, на дневен ред беа точките за Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2025 година, Акцискиот план за 2025 година, Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој како и Годишните сметки на Центарот и донаторските проекти.На...








