Автор: инфодеск
Post Views: 391 По повод Светскиот ден на театарот, вечерва во 20 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака...
Општина по мерка на бизнисот
Post Views: 301 Локалните самоуправи од целиот регион, од денес, можат да се пријават на јавниот повик за учество во Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE) и со тоа да ги унапредат условите за привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство.Јавниот повик е објавен од страна на Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) во соработка со Германската развојна соработка што ја спроведува ГИЗ. Ова е уникатна програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои...
Струшко Подгорци нуди уникатна автентична авантура
Post Views: 665 Струшко Подгорци станува рурална туристичка дестинација. Преку уникатна автентична авантура на Јабланица јавање коњи, стрелање, подготовка локална храна, палење логорски оган, берење чаеви и шумско овошје, туристичкиот работник Шабан Адемоски на својот ранч над селото ја презентира земјава пред странските гости.Туристите се запознаваат со културата, традицијата и мултиетничноста, начинот на живот во областа на Дримколскиот регион.Пред се се’ е природно овде имам градина сами си собираат салата. Ги организирам сите. Се качуваме на коњите, си...
Жител на Ресен фатен со кокаин во ноќен клуб во Охрид
Post Views: 485 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Ресен, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При контрола извршена во ноќен клуб на улицата „Стив Наумов” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, наменет за натамошна продажба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Одблесоци за д-р Анастас Коцарев во Париз
Post Views: 347 Викендов во Париз се одржаа низа активности во чест на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев во рамките на одбележувањето 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт под мотото: „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа“.Активностите беа поделени во два дела на неколку локации каде живеел и работел д-р Коцарев, односно денес музејот Кири и Институтот за радиум во Париз, а централната комеморативна церемонија беше вчера на неговиот гроб во париската општина Бонди на која за првпат присуствуваа градоначалниците на...
Од утре исплата на пензиите
Post Views: 228 Од утре (28 март) почнува етапното исплаќање на пензиите за месец март 2023 година.Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат...
Временските услови погодни за земјоделски активности на отворено
Post Views: 225 Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со активностите на поле, велат агрометеорoлозите.Времето е погодно за резидба на виновата лоза и овошките, за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), но и за засадување нови лозја.Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците може да продолжат со пресадувањето на нови лози на празните места, со прихранување на есенските култури, со припрема на почвата за сеидба на раните пролетни култури, како и со садење на одредени рано градинарски...
По голема битка Пролет го победи Охрид
Post Views: 354 Ракометарите на Пролет со гол на капитенот Ласко Андоновски во последните моменти дојдоа до прва победа во ракометната Суперлига, откако тесно го победи Охрид со 27-26 во денешната пресметка од петтото коло.Иако мечот почна со негатива за Пролет, па охриѓани дојдоа и до плус четири (6-10), Пролет направи фантастична серија од 8-3 за да замине со гол предност на полувреме, како најава за многу возбудливо второ полувреме во кое се играше егал во заврпните 15 минути од мечот. До тогаш, Пролет држеше дистанца од најмногу три гола, но Охрид успеа да израмни на...
Македонија утре на контролна средба со Фарските острови
Post Views: 331 Деновиве во фокусот на вниманието се квалификациите за ЕУРО 2024-та кои репрезентација на Македонија ги започна победнички совладувајќи ја Малта во четвртокот, но во 2-то коло црвено-жолтите се слободни, па утре ќе одиграат контролен меч со Фарските Острови.Без разлика што се работи за натпревар од пријателски карактер, селекторот Милевски најави сериозен пристап и атак на позитивен исход. И на овој натпревар Милевски не може да смета на Дориан Бабунски кој се повреди пред натпреварот со Малта, како и Ѓоко Зајков кој се повреди во четвртокот. Поради клупски...
Охриѓанец фатен со марихуана
Post Views: 259 На 26.03.2023 година во 00:40 часот, во СВР Охрид приведен е А.Р.(34) од Охрид.При преглед извршен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Казнети возачи во Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол
Post Views: 287 На 25/26.03.2023 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници, затекнале 7 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Исфарбани и обележани пешачката и велосипедската патека кај Студенчишта
Post Views: 589 Во рамки на акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација, деновиве започна обележувањето на пешачко-рекреативните патеки. Исфарбани и обележани се пешачката и велосипедската патека кај каналот Студенчишта.Се започна со обележување на пешачката патека крај каналот Студенчишта, а наредните денови се продолжува со останатите патеки – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
