Skip to main content

Автор: инфодеск

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди, максималните температури до 10 степени Целзиусови

Post Views: 125 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Над 3.500 новогодишни пакетчиња поделени на Градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 175 Над 3500 новогодишни пакетчиња беа поделени денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во рамки на големата хуманитарна манифестација организирана од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“, со поддршка на Општина Охрид, Дебарско-Кичевската епархија и општествено одговорни компании.Пакетчиња им беа поделени на дечињата од охридската градинка, на првачињата од сите основни училишта од Охрид и на дечињата со посебни потреби.На настанот свое обраќање пред...

Продолжи со читање

Уште 5 дена за исполнување на новогодишните желби од „Волшебната елка“

Post Views: 137 Од Црвен крст Охрид информираат дека остануваат уште 5 дена за исполнување на новогодишните желби на децата од социјално загрозени семејства, во рамки на хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ во организација со Ohrid mall.–Се заблагодаруваме на сите кои зеле волшебен новогодишен лампион и ја исполниле желбата напишана во него, обезбедувајќи го подарокот и доставувајќи го истиот во Црвен крст Охрид или во аптеката Виафарм во Ohrid mall. Оние кои избрале волшебен новогодишен лампион, а сеуште подарокот не го доставиле во Црвен крст Охрид или во аптеката...

Продолжи со читање

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во прва официјална посета на Општина Охрид

Post Views: 160 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Амбасадорот и градоначалникот разговараа за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина. Беше разговарано и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и Охридското...

Продолжи со читање

Утре во Охрид мол еко пазар „Пљачки рецикларница” на Училишта без пластика

Post Views: 179 Четвртиот по ред еко пазар на „Училиштата без пластика” ќе се одржи утре, 20-ти декември од 12.00 часот во Охрид Мол. Пазарот на облека, обувки, книги и други предмети на втора рака е дел од напорите на програмата за подигање на свеста за опасностите од текстилниот отпад и негативните ефекти врз здравјето на луѓето и животната средина на брзата мода.-Заради зголеменото производство на облека и олеснет пристап до нови парчиња на текстил, трендот е намален број на носења на облеката којашто ја поседуваме така што таа завршува многу побрзо по ѓубриштата, а во...

Продолжи со читање

Детската претстава „Кога Дедо Мраз пее, секој се радува и смее“ денес во Охрид Мол

Post Views: 209 Денес од 19 часот во Охрид Мол најмладите ќе уживаат во детската театарска претстава „КОГА ДЕДО МРАЗ ПЕЕ, СЕКОЈ СЕ РАДУВА И СМЕЕ” во изведба на „Весел театар“.Денешната претстава е дел од проектот „Културата расте со децата – за сите деца“, преку кој Општина Охрид континуирано, во текот на целата година, секој петок, организира културни настани за децата.

Продолжи со читање

Новогодишен концерт „Ехо од Македонија“ на ООМУ „Методи Патче”

Post Views: 186 Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт во вторник, 23 декември.-Ве покануваме на свечен новогодишен концерт „Ехо од Македонија“, на кој учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето.Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот од 19 часот, а влезот е слободен.

Продолжи со читање

АХВ со контроли на терен: Утврдени се минимални недоследности кај новогодишните пакетчиња

Post Views: 151 Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски  надзори  за контрола на безбеднoста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на...

Продолжи со читање

Денес се празнува Свети Никола Чудотворец

Post Views: 184 енеска православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во народното паметење овој лик  останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Кај...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 118 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 1 до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Продолжи со читање

Изменет сообраќаен режим на делницата Требеништа–Мешеишта во наредните 10 дена

Post Views: 182 Од СВР Охрид ја информираат јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.– На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација,...

Продолжи со читање

Свечен пречек за Владимир Димитриевиќ – бронзен медалист од Светскиот ИТФ куп

Post Views: 398 Директорот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, Ристе Јанкоски, приреди свечен пречек за ученикот Владимир Димитриевиќ, по повод неговиот исклучителен спортски успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во Солун.Инаку, медалот е освоен на престижниот меѓународен турнир „King of Taekwon-do“, на кој учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава, што дополнително ја нагласува тежината и значењето на овој успех.Во рамки на средбата, директорот Јанкоски упати искрени честитки до Владимир, истакнувајќи дека неговата посветеност, дисциплина и...

Продолжи со читање