Автор: инфодеск
Views: 329 Денес со почеток во 20 часот, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав „Билјана“.–Оваа година, по петнаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година градскиот мешан хор Vox Lichnidos и маестро Тони Арслан. Со големо задоволство ве покануваме на овој наш јубилеен концерт заедно да уживаме во звуците на староградските песни, порачуваат организаторите.Билетите за овој настан се во ограничен број и се продаваат по цена од 300...
Бесплатни часови по англиски јазик во охридската библиотека
Views: 193 Во Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид успешно се реализираат бесплатни часови по англиски јазик за деца и возрасни, кои предизвикаа голем интерес кај граѓаните.Часовите за деца од 6 до 11 години започнуваат на 16 септември, од 12:30 до 13:30 часот, додека часовите за возрасни започнуваат на 17 септември, од 17:00 до 18:00 часот.Програмата ја води Дени Хамилтон, волонтерка на Мировниот корпус на САД со TESOL сертификат, во координација со вишата библиотекарка Елена Станкоска.Заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 071/499-076, Елена Станкоска.
Започнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка
Views: 190 Со почетокот на новата учебна година стартуваше и генетскиот мониторинг на кафеавата мечка, којшто во земјава за првпат ќе се спроведува на национално ниво. Активноста ја предводи Македонското еколошко друштво (МЕД) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во рамките на петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“ (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048).Генетското пребројување ќе ја опфати целата динарско-пиндска популација на кафеавата мечка, од Алпите до Егејското...
Утрово прекин во водоснабдувањето на улиците „1ва Македонска Ударна Бригада” и „Абас Емин”
Views: 145 Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „1ва Македонска Ударна Бригада” и „Абас Емин”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санациите.
Светиот апостол Тит
Views: 167 Еден од седумдесетте. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. Во една прилика, тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Ерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото младешко срце се прилепи за Христа. Подоцна беше крстен од апостол Павле, кому во евангелското дело му служеше како на татко. Павле толку го возљуби Тит, што го нарекуваше ту син (Тит 1,4) ту брат (2Кор. 12,18). Тит многу патуваше со големиот апостол...
Во Охрид денес сончево и топло, од среда следува нестабилно време
Views: 159 Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид денес минималните температури од 14, а максималните до 30 степени Целзиусови.Денес и утре времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Возел со 2,40 промили алкохол, полицијата го сопрела помеѓу Калишта и Радожда
Views: 187 На 6 септември во 00:30 часот, на регионалниот пат меѓу струшките села Калишта и Радожда, полициски службеници лишиле од слобода 50-годишен жител на Радожда поради управување возило под дејство на алкохол.При контрола во патниот сообраќај, полицајците запреле патничко возило „Пежо“, кое го управувал мажот, при што со алкотест било утврдено присуство на 2,40 промили алкохол во крвта.Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а возилото и возачките документи му биле одземени.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Над 2.000 кубни метри земја досега употребени за затрупување на опожарениот дел на Буково, активностите продолжуваат, велат од Комуналец
Views: 205 Повеќе од две недели по избивањето на пожарот на депонијата „Буково“, активностите за негово целосно локализирање и стабилизирање продолжуваат. Од ЈП „Охридски Комуналец“ денеска информираа дека интензивно се работи на покривање со земја на опожарениот дел, а досега биле донесени и употребени над 2.000 кубни метри земја.-Со ангажирана механизација и екипи на терен се врши затрупување на опожарените површини и жариштата, со цел да се спречи нивното понатамошно ширење. Активностите продолжуваат до целосно ставање на состојбата под контрола, а состојбата постојано се следи во...









