Автор: инфодеск
Post Views: 401 Викендот на програмата се натпреварите од последното коло од ракометната Супер лига на Македонија, со што ќе останат само бараж натпревари за комплетирање на сезоната.Струга зад себе има успешна сезона, откако во плеј-аутот сезоната ќе ја заврши на второто место на табелата и со тоа останува и следната сезона во ракометната „елита” на Македонија.Стружани во разигрувањето за опстанок на 13 одиграни натпревари забележаа осум победи и пет порази, а во последното коло на домашен терен ќе играат против екипата на Јуниор КВ. За Струга овој натпревар нема...
Пет ракометари на ГРК Охрид генерација 2008/2009 повикани за македонската репрезентација
Post Views: 414 На списокот на ракометари од генерација 2008/2009 кои се повикани за македонската репрезентација се најдоа 5 гладијатори:-Христијан Пупунцоски (лево крило)-Матео Силјаноски (лев бек)-Петар Николоски (среден бек)-Стефан Матески (пикер)-Бојан Крстевски (голман)„ГРК Охрид им посакува среќа за да бидат прв избор на своите позиции, а овој избор да биде поттик за сите наши ракометари во сите категории да продолжат да спортуваат и да се развиваат! Големо браво за трудот и работата на нашите тренери! Охрид им е благодарен! “ – напишаа од ГРК...
Уметниците во чест на светите браќа Кирил и Методиј
Post Views: 259 „Уметниците во чест на светите браќа Кирил и Методиј“ беше насловен свечениот настан кој во чест на големиот празник, се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“.На почетокот на програмата во името на Општина Охрид пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.Неопислива е радоста и огромно е задоволството, на овој голем празник посветен на нашите просветители, светите браќа Кирил и Методиј да се биде вечерва тука, во овој преубав амбиент и да се ужива во едно уникатно музичко патување, приредено од младите таленти, кои се...
Апликацијата TrashPinger на учениците од ОЕМУЦ, достапна за користење
Post Views: 931 Ученици од средното стручно електро-машинско училиште „Св. Наум Охридски” во Охрид, ја создадоа првата апликација за подигнување и промовирање на еколошката свест.Апликацијата TrashPinger, ќе послужи како еко-аларм, за пријавување диви депонии во градот, а потоа преку координација со ЈП Охридкси Комуналец и невладините организации нивно расчистување. Младите понудија современа и иновативна можност за зачувување на чиста и здрава животна средина. Идејата е на учениците, а се роди поради тоа што заедно со менторката често организирале еко акции.„Ние...
Пумпните станици во Дебрца ставени во функција
Post Views: 277 ЕВН ја повлече одлуката за исклучување на пумпните станици во Дебрца и истите се повторно ставени во функција, информира градоначалникот Зоран Ногачески.„Општината и ЈПКД „Дебрца“се отворени за спогодбено надминување на проблемите со операторот на електрична енергија.“ – напиша Ногачески во објавата на фејсбук.Предходно тој информира дека Општина Дебрца поднела Барање за времена мерка повторно вклучување на електричната енергија на пумпните станици до надлежен суд.„Исклучувањето што го изврши ЕВН е спротивно на член 44 од Правилата за...
За шест дена ДПИ извршил над 600 надзори и изрекол 110 парични казни
Post Views: 304 Во период од 15 до 21 мај 2023 година во земјава Државниот пазарен инспекторат извршил над 600 надзори. Оттаму информираат дека за време на надзорите се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари.„Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден...
Најголемиот извозник на пилешко погоден од птичји грип
Post Views: 457 Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, прогласи вонредна состојба за здравјето на животните во траење од 180 дена. Одлуката следуваше по откривање на високопатогениот вирус на птичји грип кај дивите птици во земјата.Врз основа на упатствата на Светската организација за здравје на животните, инфекцијата со подтипот H5N1 не доведува до забрана за трговија. Но, појавата на болест на фарма обично резултира со убивање птиците и може да предизвика трговски ограничувања од земјите увозници.Минатата година во живинарскиот сектор имале промет од 9,7...
Дебрца очекува времена мерка повторно вклучување на струјата на пумпните станици
Post Views: 573 Денеска Општина Дебрца очекува да се произнесе надлежен суд до кој подесе тужба за ЕВН со барање за времена мерка повторно вклучување на електричната енергија на пумпните станици.Во понеделникот, во попладневните часови, операторот ЕВН изврши исклучување на електричната енергија на пумпните станици во општина Дебрца поради што без вода останаа неколку села како и Аеродромот Св Апостол Павле.Грдоначалникот на Дебрца , Зоран Ногачески со триесетина земјоделци се наоѓа во посета на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, поради што беше цел на...
ГРК Охрид против Бутел во Скопје ја затвора сезоната
Post Views: 377 Ракометарите на Охрид со гостувањето кај Бутел во Скопје ќе ја затворат сезоната во плеј-офот од Супер лигата на Македонија.Охриѓани останаа без шанси за Европа уште во претходното коло, откако загубија од Еурофарм Пелистер, а Тиквеш дојде до важен и огромен бод против Вардар, со што кавадарчани по скоро една деценија излегуваат во Европа, па охридскиот сон за Европа веќе заврши.Тиквеш со обезбедениот бод против Вардар и математички го исфрли Охрид од игра за Европа, па така последниот натпревар нема да донесе никакви промени кога е во прашање четвртото...
“Мали vs ГОЛЕМ” утре повторно пред охридската публика
Post Views: 330 Поради зголемениот интерес на театарската претстава “Мали vs ГОЛЕМ” од детското драмско студио “ДрамаКидЗ” при НУЦК Григор Прличев-Охрид, ќе биде повторно изведена пред пошироката публика, во ПЕТОК, 26 мај 2023 година со почеток во 20.00 часот. Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.„ДрамаКидЗ“ започна...
Спасовден – Празникот на Христовото вознесение
Post Views: 316 На овој ден, во четвртокот од шестата недела по Пасха, православните верници го празнуваат Вознесението на Господ Бог и Спасител Исус Христос. Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина. По воскресението од мртвите, во текот на...
Претпладне сончево, попладне нестабилно со температура до 22 степени
Post Views: 288 Денеска во Македонија времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.Во Охрид претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со дожд. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна до 22 степени.И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во...