Skip to main content

Автор: инфодеск

Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира Отворен ден

Post Views: 25 По повод одбележување на Меѓународниот ден на млади на 12.08.2024 (понеделник) Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира отворен ден на градскиот плоштад со почеток од 19:00ч со наслов „ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“, коj ќе е составен од штанд на Клуб на млади, ментално здравје, прва помош и спасители на вода.Настанот е со цел промоција на Црвениот крст, мотивација на волонтери и регрутација на нови волонтери, велат од Црвен Крст Охрид.

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањетo на улиците „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“

Post Views: 14 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, се вели во соопштението од ЈП Водовод – Охрид,

Продолжи со читање

Врачена светската награда за хуманизмот за 2024 година

Post Views: 15 Денес во куќата на Уранија во Охрид, во присуство на претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, претседателот на МАНУ академик Живко Попов и бројни дипломатски претставници, свечено беше врачена Светската награда на хуманизмот на Никола Петровиќ Његош, Принц на Црна Гора. Неговата екселенција е претседател на Фондацијата Његош, која е во тесна соработка со Обединетите нации и УНЕСКО во реализација на значајни меѓународни проекти од областа на хуманизмот и го организира Интернационалното биенале на уметноста во Кралскиот дворец во...

Продолжи со читање

Претставата за деца ,,Далматинко дизајнерот” вечерва во 21:00 на сцената кај ТЦ Амам

Post Views: 10 Претставата за деца ,,Далматинко дизајнерот” вечерва во 21:00 на сцената кај ТЦ Амам, како дел од проектот ,,За сите деца” поддржан од Општина Охрид.,,Далматинко дизајнерот” е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кои му ги приредуваат кученцето Тошко и комшивката Тетка Светле.Претставата пренесува моќна порака: Никого не потценувај во својот...

Продолжи со читање

Одлука за спроведување стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на линиска инфраструктура со намена Е1.1.- локален пат од с.Лескоец до с.Горно Лакочереј и с. Долно Лакочереј

Post Views: 15 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18 , 89/22 и 171/22), Општина Охрид, на ден 09.08.2024г. донесе ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА СО НАМЕНА Е 1.1-ЛОКАЛЕН ПАТ ОД С. ЛЕСКОЕЦ ДО С. ГОРНО ЛАКОЧЕРЕЈ И С. ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ, КАКО НИЗ КО ОХРИД 4,КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ -ВОН ГРАД И КО ГОРНО...

Продолжи со читање

Вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски

Post Views: 14 Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски.Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, во Скопје. Во 2013 година дипломира со највисока оценка Кум Лауде на...

Продолжи со читање

Викендов ќе се одржи настанот Night car show

Post Views: 34 Над 200 примероци  викендов ќе бидат изложени на втората изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили олд тајмери . Настанот Night car show со поддршка на општина Охрид ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.Покрај автомобили од земјава ќе има клубови и примероци  од целиот Балкан.„Ќе се одржува и...

Продолжи со читање

Традиционални културни збиднувања во Пештани

Post Views: 20 Манифестацијата “Културно лето Пештани“традиционално ќе продолжи и оваа година. Сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.Свеченото отворање ќе биде на 10. Август 2024 година со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.Од 11. до 13.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.Манифестацијата ја организира и реализира...

Продолжи со читање