Автор: инфодеск
Post Views: 364 Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид.Ваква конференција на Интерпол се организира за прв пат во земјава, а се совпаѓа со 100 годишнината од постоењето на Интерпол и 30-годишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.МВР на Македонија, одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат...
Свети 40 Маченици-Младенци
Post Views: 530 Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.Се слави на 22 март, тоа е празник на пролетта па така младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината.За Младенци се врзуваат многубројни обичаи, уште од минатото. На овој ден, жените станувале рано и меселе 40 колачиња, кои симболизираат долг, благ и среќен живот. Колачињата ги печеле и премачкувале со мед. Гостите што доаѓаат во...
Хуманитарен настан Сите за Бојан на 9-ти април во Струга
Post Views: 288 Во недела на 9-ти април со почеток во 19 часот во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи хуманитарен настан „Сите за Бојан“.Ќе настапат Balkan Jam, Drum & Scratch RootBoy & Aleksandar, Ѓоко Танески & The Band, Студио за танц „Бах“ и Стенд ап комичарот и актер Бојан Велевски.Картата ќе чини 150 денари, а ќе биде поставена и кутија со донации.
ЈП Колекторски систем го честита Светскиот ден на водите со силна порака
Post Views: 242 Денес, 22-ри март, се одбележува Светскиот ден на водите. ЈП Колекторски систем на граѓаните им го честита денот со силна порака за подигнување на еколошката свест кај народот и зачувување на чистотата на природата и водите. Охрид, како град распослан на вода, се гордее со можноста да биде нарекуван град на Охридското Езеро, велат од ЈП Колекторски систем.ЈП Колекторски системи е јавно претпријатие, чие поле на работа и интерес се токму водите. Од 2019 година, кога од Владата беа доделени 4,2 милиони евра отпочна санацијата после 40 години неодржуван...
Претставник на УСАИД во посета на Општина Дебрца
Post Views: 388 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и преставници на општинската администрација остварија работна средба со преставник од УСАИД во врска со проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор.На работната средба се разгледуваа можности за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца, како и разгледување на можноста за формирање на локален економски совет и надоградување на...
Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот
Post Views: 244 Владата донесе одлука за понатамошно замрзнување на цените на основните производи и ги замрзна цените јајцата и оризот, со што нивото на нивните највисоки цени треба да останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Овие цени треба да важат до 30 април 2023 година.Тој додаде дека трговците кои се регистрирани за вршење на трговска дејност имаат обврска редовно да прибавуваат и да продаваат свежи јајца во количини што редовно се прибавувале во јануари и февруари 2023 година.Во...
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Струга
Post Views: 271 35-годишниот Игор Шајноски од Струга е првиот вработен продавач на списанието „Лице в лице“. Момчето со Даунов синдром, кое една деценија е одговорен на висина на задачата, денес важи за најдобар уличен продавач во земјава.Игор ги побива стереотипите, тој располага со исклучителни комуникациски способности. Рамо до рамо со своите колеги, вработените во Центарот за поддршка на лица со попреченост „Порака Нова“, докажува дека попреченоста не е препрека на патот на успехот и инклузија во општеството.Подобрување на мојот живот, како јас опстанав да бидам...
Офанзива со цветни бомби на првиот ден на пролетта
Post Views: 448 Денеска на првиот ден на пролетта низ целата држава се реализираше акцијата „Фрли цветна бомба“. Иницијатор е Сезер Акин производител на органска храна од Охрид.Организатор е „Слоу фуд Македонија“, а се вклучија локалните слоу фуд конвивиуми, здруженија и училишта. Изминатава недела се подготвуваа цветните бомби. Тоа се топчиња составени од комбинација на компост, глина и семиња. А денеска истите се фрлаа на локации, ниви или покрај патишта.Време е да направиме индивидуален чекор за нашата околина. Македонија ќе цвета со нашата љубов. Предизвикот...
Кочовски изврши увид на градежните активности во детската градинка
Post Views: 285 Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски денеска изврши увид на градежните активности кои се изведуваат во ЈОУДДГ „Планински цвет” во Општина Вевчани.Се работи на комплетна реконструкција на кујната во детската градинка. Проектот е во соработка со Центарот за развој на Југозападен плански регион – информира Кочовски.
Градскиот стадион ќе биде затворен за користење
Post Views: 623 ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека од четврток 23-ти март до 31-ви март градскиот стадион „Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење. Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион од четврток ќе започнат со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева – информираат од ЈП...
Светски познатата Лола Астанова со концерт во Скопје
Post Views: 1.027 Светски познатата пијанистка Лола Астанова на 2-ри јуни ќе настапи во Македонската Филхармонија. Единствена по својот музички израз, позната по иновативната аудио-визуелна изведба на пијано, екстремниот број следбеници на социјалните мрежи, но и голем број обожаватели ширум светот, Лола на Скопје ќе му приреди, ексклузивен и интимен концерт, вели организаторот.Домашната публика ќе има уникатна можност да ужива во еден фасцинантен и емоционален концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го сврти вниманието на великаните, како...
ДЗС : Просечната нето плата за јануари е речиси 34 илјади денари
Post Views: 365 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33.943 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 50.837 денари, соопшти Државниот завод за статистика.Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 113.2.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (23,4%),...
