Автор: инфодеск
Views: 56 Утрото ведро и постудено, преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека следува период на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во втората половина од оваа седмица кога наместа ќе надминуваат 20 степени.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -2 до 10 степени Целзиусови.
Цените намалени, граѓаните велат недоволно за да се почувствува
Views: 89 Намалување на цените охриѓани велат дека малку или воопшто нема по маркетите по стапувањето на сила на владините мерки за замрзнување на цената на основните продукти и намалување на маржите на 100 групи на производи.Дел од граѓаните веќе не обрнуваат внимание дали се означени производите со намалена цена, оние со помали примања велат дека и покрај разните мерки за зауздување на цените, едвај преживуваат.Јас немам забележано дали се намалени цените, ниту се интересирам веќе. Што ми треба ќе купам и тоа е, вели еден пензионер.Можеби има намалување но јас не осетив....
Растат цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро
Views: 96 Растат цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро. Екстра луксузните апартмани на најатрактивните локации достигнаа цена од рекордни 4000 евра од квадрат. Цените на становите се движат од 1200 до 2500 евра, зависно од локацијата, староста и квалитетот на градбата. Најскапите апартмани кои се нудат со отворен поглед кон езерото се наоѓаат во склоп на современи ресорти.-Се работи за исклучителни објкети екстра луксузни ресорти од највисок ранг и стил кои што на...
Jавна дебата за определување приоритетни области за следниот повик за ReLOAD
Views: 86 Заради поголема транспарентност во спрведување на следниот јавен повик, а со намера да се слушне гласот на невладиниот сектор Општина Охрид свикува јавна дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик.На јавниот повик кој во текот на 2023 година Општина Охрид го спроведуваше во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOAD2), право да поднесат предлог проекти имаа сите граѓански организации чии проекти се доследни на развојните цели на општина Охрид: младински активизам и партиципација, родова еднаквост,...
Филмот „Анора“ триумфираше со 5 оскари
Views: 76 Американската Академија за филмски уметности и науки на 97-та свеченост ги додели „Оскарите“ во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. „Анора“, приказната за њујоршка сексуална работничка која добива нова шанса во животот откако ќе се омажи за богат руски клиент, доминираше на 97. Оскари, освојувајќи пет награди, меѓу кои и за најдобар филм. „Бруталист“ се закити со три оскари, а „Емилија Перез“ со два, иако имаше дури 13 номинации.Најдобри споредни глумица и глумец, соодветно, се Зои Салдања (за филмот „Емилија Перез“) и Кијеран Калкин („Вистинска болка“). Статуетката за...
Денес во Црвен крст предавање со Академик проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ за малигните заболувања
Views: 103 По повод одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Подигни свест, победи рак“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.Денес во 11 часот во просториите на Црвен крст Охрид ќе биде организирано предавање-разговор со Академик проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ за малигните заболувања со акцент на рак на простата.-Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како...
Денес е Чист Понеделник – почнуваат Велигденските пости
Views: 72 Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат Велигденските пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.Велигденскиот пост е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (Четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Постот не значи само откажување од мрсна и обилна храна и алкохол, туку постење со мислите, воздржување од лошо,...
Православен календар: Свети Лав I, папа Римски
Views: 54 Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку го уплаши и видението на светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само...








