Автор: инфодеск
Post Views: 300 Академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, и преведувач е добитник на годинешниот „Златен венец“ на СВП за 2023, објави претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во НУБ „Климент Охридски“. Паралелно, со објавата во Скопје, Урошевиќ, како лауреат, денес беше прогласен и во седиштето на УНЕСКО во Париз. Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет...
ФДУ го одбележува творештвото на Горан Стефановски
Post Views: 236 Факултетот за драмски уметности – Скопје го слави творештвото на нашиот и ваш, единствен Горан Стефановски, со мултимедијална програма под наслов „Тетовирани импресии“, соопштија од ФДУ.Настаните од програмата ќе се одржат од 27 март до 27 април, во организација на факултетот, и со учество на соработници, колеги и новите „наследници“ на Горан – студентите кои ги продолжуваат неговите приказни. Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на факултетот. Инспирација која нé поттикнува кон подобро и...
Почина актерот Димче Мешковски
Post Views: 503 Почина Димче Мешковски македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хихирику“ и многу други.Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).Својот глас го позајмувал и при синхронизацијата на цртани...
Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Пештани
Post Views: 233 На 20.03.2023 во 12.50 часот во СВР Охрид, пријавено e дека при изведување работни активности на брегот на Охридското езеро, кај населбата Пештани, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 100 мм. од непознато потекло.Гранатата безбедно e подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. Увид извршија полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Започна изградбата на ул. Крепо во Вевчани
Post Views: 245 Пред неколку дена се потпиша договорот за изведување на работи за реконструкција на локалната улица „Крепо” во Вевчани.Како што информираше градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски, во текот на вчерашниот ден започна изградбата на оваа локална улица.Инвестициите во обнова на главната локалната патна инфраструктура, додава Кочовски, ќе продолжат и во иднина за што веќе се аплицирани проекти за обезбедување на финансиски средства до различни донатори.
Партерно се уредува улицата Славеј Планина
Post Views: 345 Екипи на ЈП „Нискоградба“ денес работат на партерно уредување на улицата „Славеј Планина“.Се уредуваат 420 метри квадратни, а износот на зафатот изнесува 900 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Викендов почнува летното сметање на времето
Post Views: 183 Викендов, односно последниот викенд од месец март ќе започне летното сметање на времето.Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелките, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916-та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Зголемен водостојот на Охридското езеро
Post Views: 401 За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, а за исто толку е намален на Дојранското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Сепак, и покрај тоа нивото на Охридското Езеро е пониско од просечното за март и тоа за 24 сантиметри. Понизок водостој за 1,98 метри од просечниот има и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,4 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.Пониски од просечните се и водостоите на...
РСБСП : Користете сигурносни појаси
Post Views: 274 Сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што можат да се врзат во возило на моторен погон и е проектиран да го намали ризикот од повреди на лицето што го носи во случај на судир или на ненадејно забавување, со ограничување на подвижноста на телото на лицето кое го носи.Не само возачот, туку и секој патник во возилото треба да користи сигурносен појас. Придобивки од користењето на сигурносен појас се:• овозможува заштита при нагло запирање на возилото или во случај на сообраќајна незгода,• ја...
Времето денеска облачно и врнежливо
Post Views: 250 Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На некои места попладне и во вечерните часови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура денеска ќе биде од 3 до 7, а во текот на денот ќе се искачи до максимални 18 Целзиусови степени.Утре, како што најавуваат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови ќе има локален дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец....
Се санира сидриштето кај каналот Студенчишта
Post Views: 651 Екипите на ЈП „Градски пазар” деновиве работеа на санирање на сидриштето кај каналот Студенчишта.Во санацијата беше опфатено и премачкување со соодветна боја на дрвените површини. Премачкувањето се врши со цел подолгорочна заштита на дрвените површини и разубавување на изгледот на пешачката патека – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.
Водостојот на Охридското езеро зголемен за 4 сантиметри
Post Views: 237 Благодарение на врнежите од дожд во изминатата недела, водостојот на Охридското Езеро порасна за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март.Иако минатата недела имаше врнежливи денови, генерално временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.Температурата на водата е осум степени Целзиусови, што е во рамки на...