Автор: инфодеск
Post Views: 281 Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека поради средбата меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер што викендов ќе се одржи во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки.Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти и координација со службите од локалната самоуправа, како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина...
Казнети 13 возачи во Охрид за непрописно престигнување
Post Views: 236 На 16.03.2023 година од 13:00 до 17:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 25 возачи на моторни возила кои на непрегледни места каде има поставено соодветен сообраќаен знак за забрана, извршиле непрописно престигнување (Охрид-13,Струга-08, Кичево-02, Дебар-02) – информираат од СВР Охрид.
Извршена првата операција на ’рбет со роботски микроскоп во болницата Св. Еразмо
Post Views: 909 Во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” Охрид извршена првата операција на ’рбет, најнова роботска технологија.Оперативниот зафат со користење за прв пат на новата генерација на роботски микроскоп беше извршен на 15-ти март.Чувството беше неповторливо. Нашата болница „Св. Еразмо“ е рамо до рамо со најголемите Вертебролошки центри. Со над 120 вертебролошки и операции на нерви и на отворен мозок „Св Еразмо“ е рамо до рамо со клинички центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на...
Пораст на дневната температура во наредните денови
Post Views: 291 Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура која утре ќе достигне од 10 до 17 степени, а во недела од 14 до 20 степени. Утринските утре ќе се движат од -6 до 1 степен, а во недела од -4 до 2 степени.Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе биде сончево со утринска температура од -2 до 5 и дневна од 17 до 23 степени.И во деновите потоа ќе биде топло преку ден, со максимални темератури до 21 степен во вторник и среда и до 22 степена во четврток.
Комитетот за односи меѓу заедниците во работна посета на Општина Охрид
Post Views: 273 Комитетот за односи меѓу заедниците ќе престојува во работна посета на Општина Oхрид, каде ќе се сретнат со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот и советниците на општината.Како што информираат од собраниската прес-служба, посетата е со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 година за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.Комитетот за односи меѓу заедниците се грижи за функционирањето за комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво и презема мерки за подобрување на нивното...
Централен регистар го одби барањето на Цар Борис Трети
Post Views: 226 Централниот регистар го одби барањето на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид за усогласување со Законот за здруженија и фондации.Ве информираме дека Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во Известувањето, во согласност со Законот за здруженија и фондации – се наведува во...
Свеченост по повод Денот на Крводарителството
Post Views: 316 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува во текот на секоја година. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина со организирање на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку...
Соработка помеѓу АППТ и ОУТУ Ванчо Питошески Охрид
Post Views: 394 Денес директорот на АППТ, Љупчо Јаневски и колеги од секторот поддршка ги посетија Факултетот за туризам и ОУТУ „Ванчо Питошески“-Охрид.Со директорот на средното туристичко-угостителско училиште, Марјан Радески во периодот што следи ќе има заедничка соработка на меѓугранични проекти, преку кои ќе се овозможи внесување на европски практики во училишниот процес, подобрување на условите, зголемен број на ученици и подготвени квалитетни кадри спремни да вложат во развој на туристичкиот сектор – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на...
Бектеши најави нови намалувања на цените во април
Post Views: 343 Министерот за економија, Крешник Бектеши, по пазарењето со премиерот Димитар Ковачевски, констатира дека мерките со кои се намалуваат цените се почитуваат. Бектеши најави дека во април ќе следуваат нови мерки.Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и премиерот. Оваа криза нема да биде на грбот на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити – истакна Бектеши.Министерот не ја исклучува можноста и за дополнителни намалувања на цените, а тоа ќе се утврди по нова анализа.Цените на основните прехранбени производи се...
Нови цени на горивата
Post Views: 247 Од вечерва на полноќ нови цени на горивата. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на „еуродизелот (Д-Е V)“ се намалуваат 2,00 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,888 денар/кг. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.Од 17.03.2023 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин „еуросупер БС-95“ 81,50 (денар/литар)Моторен бензин „еуросупер БС-98“ – 85,50 (денари/литар)...
Усвоена Завршната сметка на буџетот на Општина Дебрца за 2022 година
Post Views: 318 На осумнаесеттата седница, која се одржа вчера, советот на Општина Дебрца ја усвои Завршната сметка на Буџетот на општината за 2022 година.Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од 91 %. Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари.На вчерашната седница советот ги донесе Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на...
Охрид се сеќава на д-р Елена Каваева
Post Views: 862 На денешен ден се одбележува јубилејот 130 години од раѓањето на д-р Елена Каваева, основоположник на охридското и македонското здравство.Пред нејзиното вечно почивалиште во знак на почит и сеќавање делегација на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Перчо Божиновски и делегација на Здружението на лекари од Охрид положија свежо цвеќе.Пред одржувањето на овој јубилеј, во чест на д-р Елена Каваева, ЈП „Градски гробишта“ изврши санација на спомен плочата и уредување на нејзиното вечно почивалиште.