Автор: инфодеск
Views: 75 Бројот на живородените деца во Охрид во четвртото тримесечје од 2024 година е 11. Бројот на умрените лица е 167. Природниот прираст е негативен и изнесува -56, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во статистичкиот период во Охрид се склучиле 56 бракови, а имало 14 разводи.Во Струга во четвртото тримесечје од 2024 година има позитивен природен прираст на населението. Бројот на живородените деца е 119 , починале 115 лица, што значи дека 4 лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во последното...
Tеатарската претстава „Кумови” утре повторно пред охриѓани
Views: 77 Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, а во режија на Билге Емин, утре петок, 28 февруари, со почеток во 20.00 часот повторно ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“.Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.Карти во продажба на билетара при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
Во недела за прочка ќе се одржи традиционалниот маскенбал во Велгошти „Емшири 2025“
Views: 119 По повод големиот верски празник Велики Поклади – Прочка, традиционално и оваа година во Велгошти, на 2 март, недела, ќе се одржи маскенбалот „Емшири 2025″.Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште “Тодор Александров”.-Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид, а за сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, велат организаторите.
Вечерва во Струга ќе биде отворена изложбата Digital He(Art) на Енкел Дика
Views: 69 Уметникот Енкел Дика, вечерва ќе ја отвори изложбата „ Digital He(Art)“, преку која тој порачува дека „Уметноста има срце, а дигиталниот дизајн-душа“.Изложбата ќе биде отворена вечерва, четврток, 27 февруари 2025 година во Europe House во Струга со почеток во 20:00 часот.– Истражете како технологијата и емоцијата се спојуваат во визуелни дела што оставаат траен впечаток. Не ја пропуштајте оваа вечер, порачуваат организаторите.
Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски
Views: 91 Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски. -Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печат стихозбирката НАСОЛЗЕНО ЦВЕЌЕ од Љубен Цветкоски. Тоа е книга создадена од за жал очај и болка и непребол по прерано починатиот син. Таа семејна трагедија и траума нашиот Љубен се обидува преку стихови да ја надмине а од друга страна нам да ни ја пренесе неговата поврзнаост со синот и семејството, рече в.д директорката на нашата библиотека Христина Трпеска.Промоторот и...
Свети Кирил, учител словенски
Views: 90 Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во Константинопол беше библиотекар на соборната црква и учител по философија. Светиот Кирил со успех водеше спорови со еретиците иконоборци. Стремејќи се кон осаменички живот, се повлече на гората Олимп, во манастирот каде што игуман беше неговиот постар брат Методиј, но...
Променливо облачно со повремен локален дожд
Views: 63 Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.Денешните температури во Охрид во интервал од 3 до 11 степени Целзиусови.Утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена
Views: 85 Општина Охрид информира дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034. Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и на линкот.Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е јавна презентација и...








