Skip to main content

Автор: инфодеск

Шах

Во петок почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах

Views: 96 Во петок 28.02.2025 со почеток во 12:00, во ООУ Братство Единство Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид,На Пионерската лига учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ Братство Единство Охрид, ООУ Ванчо Николески Лескоец, ООУ Григор Прличев Охрид, ООУ Св. Климент Охридски Охрид, Св. Наум Охридски Пештани и ООУ Живко Чинго Велгошти. Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ Братство Единство Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март 2025г. Пионерската лига...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Хипофосфатемичен рахитис

Views: 61 ИКС-ВРЗАН ХИПОФОСФАТЕМИЧЕН РАХИТИС/X-LINKED HYPOPHOSPHATEMIC RICKETSMKB-10 E83.31ПРЕВАЛЕНЦАХипофосфатемичниот рахитис поврзан со Х-хромозомот е најчестиот облик на рахитис што се јавува во семејствата. Засегнато е 1 од 20 000 новороденчиња. Оваа болест се појавува подеднакво кај двата пола.ВОВЕДХ-поврзаната хипофосфатемија (XLH) е наследна болест која се карактеризира со ниски нивоа на фосфати во крвта. Нивоата на фосфати се ниски бидејќи фосфатот ненормално се обработува во бубрезите што предизвикува губење на фосфати во урината (трошење на фосфати) и...

Продолжи со читање

ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата “Вис” во село Велгошти

Views: 56 ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата „Вис” во село Велгошти.-Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 155 метри, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Во петок ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на Кирил Прличев

Views: 88 Во петок, 28.02.2025 година, во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 12:30 ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на Кирил Прличев.Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист, идеолог, интелектуалец. Во Софија го формира Македонскиот научен институт, бил директор на Охридскиот музеј и заедно со археологот Димче Коцо ги откриваат моштите и гробот на Св Климент Охридски на Плаошник. Револуционерно е поврзан од почетокот на Македонското револуционерно дело. Огненото крштевање во Македонската револуционерна организација го има од Гоце Делчев и Дамјан...

Продолжи со читање

Zanaeti

Левица со Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети

Views: 68 Левица – Охрид поднесе Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети.-Сметам дека во изминативе три децении многу традиционални охридски занаети се изумрени и заборавени, па добро би било да ги оживееме со тоа што кај младите ќе го поттикнеме интересот за нивно изучување. Пример, отворање на летна резбарска школа, која во минатото беше и дел од формалното образование, кога со заинтересираните работеа познати охридски резбари, стои во образложението поднесено од советничката Виолета Аврамоска во Советот на Општина Охрид....

Продолжи со читање

Православен календар: Преподобен Мартинијан

Views: 61 Житието на овој светител е чудесно и прекрасно.Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена, а...

Продолжи со читање

Денес и утре без електрична енергија селата Вевчани, Октиси, дел од Лабуништа и Велешта поради инвестициски зафати

Views: 69 Денес, среда, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа влез на индустриска зона, Велешта -училиште, Амза, Каба, Кондри, Бензинска пумпа – Макпетрол, објект Алумина, и с. Добојвани поради инвестициони зафати во ТС 31/10 Суво Поле.Утре, четврток, во периодот од 15:00 до 16:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат Вевчани, Октиси, Лабуништа влез индустриска зона, с. Велешта, Бензинска Макпетрол, објект Алумина, и с. Добојвани поради инестициони зафати во ТС 35/10 Лабуништа...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 52 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од утре, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање