Автор: инфодеск
Views: 118 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, Правилникот за критериумите, условите и постапката за субвенционирање и распределба на финансиските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за програми на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, настани, проекти спортисти и други правни лица од областа на спортот бр. бр. 09-75/1 од 08.01.2025 година, објавениот Јавен повик за распределување на буџетските средства од програмата за спорт и...
Повторно опожарена трска во крајбрежниот појас на регионалниот пат Струга-Калишта
Views: 77 На 23-ти февруари 2025 година, во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со трска во струшкиот крајбрежен појас на брегот на Охридското Езеро, покрај регионалниот пат Струга-Калишта, настанал пожар.– Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Градски Пазар издава слободни тезги под закуп
Views: 65 Јавното претпријатие Градски Пазар информира дека издава слободни тезги под закуп. Тие располагаат со околу 150 тезги за закуп на земјоделски производи, од кои 80% се издадени на годишно ниво.-Пазарот во секое време располага со слободни тезги, условите се добри,па сите заинтересирани можат да се обратат во административната служба на Градски Пазар за подетални информации, информираат од јавното претпријатие.
Црвен Крст Охрид обезбедува бесплатна лична асистенција на лица со попреченост
Views: 101 Црвен Крст Охрид, и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост.Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Р.С.М.Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците. Со имплементација на оваа услуга, Црвен Крст Охрид продолжува да...
Гордост на Македонија: Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација
Views: 152 На 22.02 2025 година, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија.-Оваа година, нашите натпреварувачи постигнаа извонредни резултати, освојувајќи вкупно 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали, како и 5 пехари за најдобри поединци. Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ место во екипна конкуренција. Македонската екипа составена од 19 натпреварувачи, 2 судии, 2 тренери и 3 официјални лица,...
Утре промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски
Views: 63 Утре, среда од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски.Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акварелист од Охрид ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опее чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него.Стихозбирката е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, кој е и уредник на изданието а ќе биде прочитана и рецензијата на познатиот македонски...
„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ во сабота повторно за најмладите
Views: 67 На барање на публиката, детската претстава „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ на Детското драмско студио „Драмакидз“ повторно ќе биде изведена на во сабота, 01 март, со почеток во 12.00 часот.-„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата, велат од „Драмакидз“.Карти...
Денеска роденденска „Импровокација“
Views: 87 Култното шоу „Импровокација“ денес слави 9 години. Роденденското издание на „Импровокација“ е закажано за денеска, 25 февруари, од 20:00 часот во Народен Театар Охрид.Карти по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.








