Skip to main content

Автор: инфодеск

Во сабота акција кабаст отпад У.З.8 „Билјанини Извори”

Post Views: 264 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.05.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори”„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.05.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.“ – информираат од јавното претпријатие....

Продолжи со читање

Налепници со „НМК“ наместо нови регистарски таблички

Post Views: 263 Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, одлучи владата, со цел да ги поштеди граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација..Владата на последната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со НМК ознака на регистарските таблици, на предлог на МВР. Во служба на граѓаните, со ставањето на овие налепници ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица, а истовремено во целост се почитува...

Продолжи со читање

Променливо облачно со дневна температура до 19 степени

Post Views: 379 Времето денес во Македонија променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, со услови за краткотрајни врнежи од дожд. Минималната температура до 9 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 19 степени.И во четврток во Македонија ќе се задржи...

Продолжи со читање

Распеано рибарче по 24-ти пат

Post Views: 388 Вечерва во ЦК “Григор Прличев“ во Охрид свечено беше отворено годинешното издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ што се одржува по 24-ти пат, а под покровителство на градоначалникот, Кирил Пецаков.Во негово име пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска.„Нема поубаво чувство и поголема радост да се биде меѓу распеани дечиња кои со возбуда и трепет го чекаат својот настап. Нема поубав рај за душа и очи да се гледаат настапите и изведбите на нашите најмили кои вечерва се вистински...

Продолжи со читање

Утре СВР Охрид ќе спроведе боево гаѓање на стрелиштето Бејбунар

Post Views: 357 Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре (17.05.2023 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето...

Продолжи со читање

Бесплатни гинеколошки прегледи за жителките на Општина Дебрца

Post Views: 569 Во општина Дебрца ќе започне со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од општината, со цел превенција од рак на грлото на матката.Се известуваат сите жени на територијата на општина Дебрца, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел. број 046 286 855 во општина Дебрца или на тел. број 070 315 309 и 046 261 909, во Општинската организација на Црвен крст Охрид за закажување на термин.Пријавувањето да се изврши најдоцна...

Продолжи со читање

Владата усвои препораки за училиштата за подигнување на безбедноста

Post Views: 340 Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнуивање на безбедноста во училишните објекти и превенирање на меѓуврсничкото насилство, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција во Владата.Министерот ги претстави владините препораки кои ќе бидат доставени до сите училишта и општини и побара од засегнатите страни да ги почитуваат.Сите локални самоуправи во соработка со Меѓуопштинските центри за...

Продолжи со читање

Уверение за државјанство отсега ќе се добива и на е-мејл или на мобилен

Post Views: 363 Дигитална трансформација на услугите на граѓаните во издавање на уверение за државјанство. Отсега граѓаните овие уверенија ќе може да ги добијат на имејл адреса или на мобилен телефон. МВР донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат, рече Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.„Барањето се поднесува лично за себе или за своето дете, услугата е достапна на веб страната uslugi.gov.mk, лични документи ,...

Продолжи со читање

Објавен оглас за локации на тезги за продажба на сувенири во Стар град

Post Views: 424 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење, продажба на сувенири на 10 локации во Стар град.Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат: на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник- вкупно 5 локации, пред влезот во “Плаошник” – вкупно 4 локации, и една локација пред влезот на “Амфитеатар”. Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2023 до 15.09.2023 година.Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое правно лице со...

Продолжи со читање

Во Охрид пристигнаа првите гости од Хoландија

Post Views: 309 На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле” утрово пристигна првиот лет од Холандија. 180 туристи од Амстердам на седумдневен одмор дојдоа во Охрид.Холанѓаните, важат за традиционални гости вљубеници во Македонија, кај нив расте интересот да летуваат на брегот на Охридското Езеро. Сакаат да се запознаат со богатото културно историско наследство, да го видат најголемото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.„Прв пат доаѓам, ја видов Македонија и мислам дека е инетересна дестинација.“, вели една гостинка од...

Продолжи со читање

Проверете си ги ризик факторите за хипертензија утре на градскиот плоштад

Post Views: 253 17 мај е прогласен за Светски ден на хипертензијата ( покачен крвен притисок) од страна на Светската лига за хипертензија (www.whleague.org).По повод Светски ден на хипертензијата, Крка фарма Скопје во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, Специјализираната болница за нефрологија Струга, Здружението за мозочен удар од Охрид и Црвен крст Охрид утре (17.05.2023) од 13 до 16 часот на Градскиот плоштад во Охрид, ќе организира настан за подигање на свесноста на граѓаните на општина Охрид за значењето на хипертензијата како...

Продолжи со читање

Се намалува бројот на ученици во основните и средните училишта

Post Views: 325 На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 184 910, што претставува намалување за 0.6 % во однос на претходната учебна година, соопшти Државниот завод за статистика.Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69 378, што е намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.

Продолжи со читање