Skip to main content

Автор: инфодеск

Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Темна кутија“ под шифра „Јас, малиот Тој“

Post Views: 163 Од Центарот за култура „Григор Прличев“ информираат дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година е авторот или авторката на поемата „Темна кутија“, пријавена под шифра „Јас, малиот Тој“. Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Зоран Анчевски и Андреј Ал Асади како членови.– Од вкупно 9 пристигнати ракописи, 7 ги исполнуваа конкурсните критериуми. Поемата „Темна кутија“ претставува длабока духовна и егзистенцијална исповед на лирскиот субјект, кој преку долгата драматична исповед го...

Продолжи со читање

МВР: Лишен од слобода измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра

Post Views: 158 На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга лишија од слобода 40 – годишно лице од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на „Никола Карев“, дел од „Туристичка“, „Карпош Војвода“, „АСНОМ“ и дел од „Галичица“

Post Views: 140 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 12:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Никола Карев“, дел од Бул.„Туристичка“, „Карпош Војвода“, „Асном“ и дел од „Галичица“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Пријави за поставени бомби во неколку основни училишта низ Република Српска

Post Views: 148 Утрово неколку основни и средни училишта низ Република Српска добија заканувачки е-пораки за поставени експлозивни направи, а во тек се инспекции за контрасаботажа. Во заканувачката е-пошта се наведува дека „Во училиштето е поставена експлозивна направа“ и се бараат пари за да се избегне експлозија. – Ние сме вистински муслимани, воини на Исламската држава и не го одобруваме притисокот и влијанието на европските земји во Босна. Сакаме сите европски лидери да им се пресечат гркланите, а нивните семејства да бидат запалени. Нашата цел е да воспоставиме калифат во...

Продолжи со читање

Свети Сава Осветен

Post Views: 169 Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (се слави на 20 јануари) и Теоктист. прозорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 129 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.Од УХМР информираат дека до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Македонските компании ги добија признанијата „Македонски квалитет“ за 2025 година

Post Views: 323 Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, денес ги доделија признанијата „Македонски квалитет“ за 2025 година на македонските компании кои даваат значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво. Со признанието за 2025 година се закитија Комерцијална банка АД, Малиќи Груп, Голден Арт, ЛТХ Леарница Дооел Охрид, Пекабеско АД, Боми 10 Логистик, Нетам Доо, Еко Логистик Сервис, Кабтел Дооел, Велидент Трејд, и Дамипак Дооел.Станува...

Продолжи со читање

Николоски најави нов план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија кој ќе важи до 2040 година

Post Views: 167 Наредната година се планира да биде донесен Предлог-планот за просторно планирање на ниво на држава. Во моментот, тој е во фаза на Нацрт-план кој е предаден на доработка во Министерството за животна средина и просторно планирање. Новиот план за просторно планирање ќе биде за период до 2040 година. Директорот на Агенцијата за планирање на просторот Александар Гелевски вели дека имаат изготвено методологија за постапката и процедурата како ќе се носи.– Во моментов, Агенцијата ги има предадено Нацрт-просторниот план. Се очекува планскиот период да биде...

Продолжи со читање

Во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот

Post Views: 167 Министерството за животна средина и просторно планирање пушти во употреба нова верзија на државниот веб портал за квалитет на воздухот, достапен на познатата адреса air.moepp.gov.mk. Наместо радикално нова платформа, делат дека станува збор за целосно освежен, побрз и пофункционален интерфејс преку кој граѓаните во реално време можат да го следат загадувањето во своите градови.Според соопштението на МЖСПП, порталот и понатаму ги прикажува податоците од сите државни мониторинг станици, но новитет е начинот на кој тие се претставени: мерните резултати се...

Продолжи со читање

ДКСК констатира непочитување на обврската за пријавување имотна состојба од 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници

Post Views: 176 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите.Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат...

Продолжи со читање

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе го одбележи патрониот празник

Post Views: 156 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето.Програмата ќе започне во  18:30 часот со изложба на ликовни творби од ученици, презентации на струките во Центарот и хуманитарна акција, а во 19:00 часот ќе се одржи Свечена академија по повод 5-ти Јануари денот на Свети Наум Охридски и патрониот празник на училиштето. Во петок на 26 декември како дел од програмата предвидени се спортски активности.

Продолжи со читање

ЈП ,,Охридски Комуналец”: Охрид започнува селекција на текстилен отпад

Post Views: 151 Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид информираше дека нашата општина официјално потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што продолжуваат напорите за воспоставување на одржлив систем за управување со отпадот.Како што се наведува во нивното соопштение, наместо да завршува во мешаниот отпад, стариот и непотребен текстил отсега ќе може да се селектира во специјални контејнери поставени на повеќе локации:-еден контејнер во рамки на Охрид Мол;-контејнери во основните и средните училишта вклучени во програмата...

Продолжи со читање