Skip to main content

Автор: инфодеск

Oтворена изложбата „Уште една средба со светлината“ на Јордан Манасијески во Куќата на Уранија

Views: 239 Во репрезентативниот простор на Галеријата на Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид, беше отворена новата изложба на еминентниот охридски и македонски ликовен уметник Јордан Манасијески, насловена „Уште една средба со светлината“.Изложбата, која го претставува препознатливиот творечки свет на Манасијески, беше отворена од писателот и дипломат Јордан Плевнеш и историчарот на уметност Владо Ѓорески – Рафик, а модератор на свеченоста беше Љупчо Жупан од Галеријата Букефал.Во фокусот на поставката е светлината како еден од суштинските елементи во творештвото на...

Продолжи со читање

Во Струга забрзува легализацијата, 110 завршени предмети за осум месеци

Views: 199 Постапката за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Струга добива забрзано темпо. Денеска градоначалникот Менди Ќура доделил 42 нови решенија за легализација, со што бројот на завршени предмети годинава достигна 110.Од Општина Струга информираат дека работата продолжува, при што 30 предмети се во завршна фаза, додека уште 70 предмети се во почетна фаза на обработка и се очекува да бидат завршени до крајот на годината.Комисиите за легализација секојдневно се на терен, каде што вршат проверки, комуницираат со граѓаните и работат на комплетирање на...

Продолжи со читање

Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2026″ на 14 најдобри дипломирани инженери

Views: 193 Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денес им го додели признанието „Инженерски прстен 2026″ на 14 најуспешни дипломирани инженери од инженерските факултети во рамките на универзитетите „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, „Св. Климент Охридски” – Битола, „Гоце Делчев” – Штип и Универзитетот во Тетово.Свечената церемонија се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон” – Плаошник, во Охрид, со обраќања на д-р Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција на Македонија, м-р Дејан Метикош,...

Продолжи со читање

Борис Ројевиќ ќе продолжи да го предводи ГРК Охрид

Views: 283 Српскиот тренер Борис Ројевиќ и ГРК Охрид ја продолжија соработката до 2029 година.Од тимот на ГРК Охрид објавија дека е постигнат договор за нова соработка со Борис Ројевиќ, според кој тренерот е обврзан да биде со охриѓани до 2029 година.Во објавата на клубот секако се вели дека соработката е на обострано задоволство и дека ќе се продолжи во насока која што е веќе трасирана од претходно.–Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо. Но, ова не е крајот на приказната....

Продолжи со читање

Полоштад кај Мини Маркет

Вечерва детска работилница „Колку ја познаваме нашата татковина?“ на плоштад „Вангел Наумоски“

Views: 204 Денеска, 4 септември, најмладите охриѓани ги очекува интересна и креативна работилница посветена на нашата татковина.Под наслов „Колку ја познаваме нашата татковина?“, децата преку игра, забава и креативни активности ќе имаат можност да откријат нешто ново и интересно за Македонија.Работилницата ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет).Настанот е во организација на Драмското студио „Ден и Ноќ“, како дел од проектот „Културата расте со децата – за сите деца“, во рамки на програмата на Општина Охрид по повод 35 години...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид го започнува новиот циклус на програмата „Млади лидери создаваат иднина“

Views: 180 Црвен крст Охрид започнува нов циклус на програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“, наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование.Учеството во програмата е бесплатно, а заинтересираните ученици можат да се пријават најдоцна до 13 септември 2026 година.Програмата има за цел да им овозможи на младите да ги унапредат своите вештини, да го развијат личниот потенцијал и да стекнат знаења и искуства кои ќе им помогнат во остварувањето на нивните цели, но и во придонесот кон развојот на заедницата.Во рамки на...

Продолжи со читање

ВИС „Билјана“ го слави 15-годишниот јубилеј со концерт во „Света Софија“

Views: 419 Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт на 7 септември 2026 година, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 20:00 часот.Оваа година концертот e јубилеен, бидејќи ВИС „Билјана“ петнаесетта година по ред ќе ја собере публиката на вечер исполнета со звуците и убавината на староградската песна. Составот најавува и гости кои дополнително ќе ја збогатат концертната вечер. На сцената ќе настапи градскиот мешан хор „Vox Lichnidos“, како и маестро Тони Арслан.Билетите за концертот се во...

Продолжи со читање

Свеќи

Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Views: 158 Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон го убија Северијан, а Агатоник и останатите беа...

Продолжи со читање