Автор: инфодеск
Post Views: 1.330 Златната маска и приказните за Златната соба се уште најинтересни и најпривлечни за туристите кои доаѓаат да го посетат Музејот Куќата на Робевци. После две годишен значителен пад на посетеноста поради пандемијата од Ковид-19, се чини дека работите конечно се движат во вистинска насока. Но, мал е бројот на домашните посетители.„Околу 80% од посетителите на музејот се странски посетители, 20% се домашни македонски посетители, што можеби е еден поразителен податок. Но, со оглед на економската и целокупната ситуација во државата веќе подолг период, можеби и...
Промоција на боенката и сликовница, Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов
Post Views: 353 Краткиот расказ за порталот „Чудна шума“ на писателот Мерсиха Исмајлоска, денес ја доживеа својата судбина и стана сликовница и боенка во која ќе може да уживаат сите дечиња, како и дечињата за кои дислексијата е предизвик. Денес, повеќе од било кога, е важно децата да научат да раскажуваат и слушаат приказни. Приказните не поврзуваат со нашите предци и со огништето. А приказната за џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов, ќе ја слушнат и прераскажат многу дечиња, вели авторот Мерсиха Исмајлоска.Тоа беше изненадување на дизајнерот, кој кога ја дизајнираше...
По повод светскиот ден на театарот на репертоарот Енергични луѓе
Post Views: 433 По повод светскиот ден на Театарот на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски во понеделник на 27.03.2023 година, со почеток во 20.00 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително...
ПХВ трета работилница во Црвен крст Охрид
Post Views: 526 Изминатиот викенд во просториите на Црвен крст Охрид беше одржана и третата, воедно и последна работилница за младинците од овогодинешниот ЦКА – ПХВ циклус.Дел од раководството на општинската организација ја искористија оваа можност за да се запознаат и да ги поздрават младинците, но и да ги мотивираат за да продолжат со својата цел.Обуката ја водеа дисеминаторот Ана Марија Петковска и помошник дисеминаторот Борче Исакоски, како и ПХВ мини менторите.На истата беа исполнети следните очекувања и научени следниве нешта : Важноста на...
Современиот балет Пепелашка во сабота во НОБ
Post Views: 479 Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 18 март 2023 (сабота) со почеток во 12.00 часот.Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг...
Денес и утре сончево и топло
Post Views: 389 Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.Утре, ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70...
Нивото на водата во Охридското езеро далеку од просекот
Post Views: 434 Водостојот на Охридското Езеро викендов порасна за еден сантиметар, но сѐ уште е далеку под просекот за овој период од годината.Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,21 метри надморска височина, што е за 28 сантиметри пониско од просекот за март.Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден сантиметар, но генерално временските прилики се сѐ уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.Температурата на водата е 7,5 степени Целзиусови, што е во рамки на...
Времето поволно за земјоделски активности на отворено
Post Views: 225 Земјоделците може да почнат или да продолжат со работа на поле, велат агрометеоролозите. Времето е поволно за резидба на виновата лоза и овошките, за прихранување на есенските посеви, за сеидба на некои раноградинарски култури, ако почвените услови ги дозволуваат овие активности.Врнежите минатата недела придонесоа за зголемување на влагата во почвата која е добредојдена во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој, како и за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури. Доколку почвените услови тоа го...
18-та седница на Советот на општина Дебрца
Post Views: 304 Свикана 18-тата седница на Советот на општина Дебрца на ден 15.03.2023 година (среда) со почеток во 13 часот.Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на општината Дебрца.ДНЕВЕН РЕДУсвојување на записник од 17-та седница на Советот на општина ДебрцаПредлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2022 годинаПредлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 годинаПредлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на...
Втора форумска сесија од проектот Зајакнување на општинските совети
Post Views: 326 Општина Дебрца во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија. Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста...
Започна опремувањето на детските игралишта со реквизити
Post Views: 428 Започна опремувањето со детски реквизити на игралишта на улиците „Даме Груев, „Крали Марко ” и населбата Далјан.Во наредниот период оваа активност ќе ги опфати и останатите детски игралишта на територија на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Заканата за безбедноста на лекарите е и закана за грижата за пациентите
Post Views: 323 Со цел подигнување на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници и поттикнување на преземање на мерки за негово намалување Лекарската комора се придружи кон одбележување на вчерашниот ден, 12 март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат.Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба. Таквата агресија може да има...
