Skip to main content

Автор: инфодеск

Дијагноза (за спас на Охрид): во опасност репрезентативен архитектонски објект од почетокот на ХХ век и училишен парк

Views: 134 Нашиот сограѓанин, Владимир Трајановски, преку допис до нашата рубрика, Ти си твојот град, реагира за новиот објект кој треба да “никне“ во централното градски подрачје, односно кај Маларична, заедно со репрезентативен архитектонски објект од почетокот на ХХ век и училишен парк со децениски стебла. Како што вели Владимир: „Нова станбена зграда во висина над Охридската Гимназија, а по обем двојно поголема!“.Владимир реагира за бјектот на денешната Маларична, кој во 1927 година го подигнале медицинските научници д-р Елена Етингер – Каваева, основоположник на...

Продолжи со читање

Во среда и четврток без електрична енергија селата Вевчани, Октиси, дел од Лабуништа и Велешта

Views: 133 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски известува дека на ден 26.02.2025 година (среда) во периодот од 09:00 до 16:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа влез на индустриска зона, Велешта -училиште, Амза, Каба, Кондри, Бензинска пумпа – Макпетрол, објект Алумина, и с. Добојвани поради инвестициони зафати во ТС 31/10 Суво Поле.На ден 27.02.2025 година (четврток) во периодот од 15:00 до 16:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат Вевчани, Октиси, Лабуништа влез индустриска...

Продолжи со читање

Охрид ќе биде домаќин на Techstars Startup Weekend – 25-27 април 2025

Views: 103 Охрид оваа пролет ќе биде центар на иновациите и претприемништвото. Oд 25 до 27 април 2025 година ќе се одржи Techstars Startup Weekend Ohrid.Овој глобален концепт, кој инспирира илјадници претприемачи што се во почетна фаза ширум светот, трет пат по ред се случува и во иновативниот Охрид, нудејќи тридневно интензивно искуство за сите оние кои сакаат да ја трансформираат својата бизнис идеја во реалност.Techstars Startup Weekend е уникатен настан каде учесниците – програмери, дизајнери, маркетери и млади претприемачи – ќе имаат можност да работат на развој на свои...

Продолжи со читање

Кампања на СВР Охрид: „Не користи мобилен телефон додека возиш“

Views: 70 Викендов полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“.-На повеќе пунктови во Охрид, полициски службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен телефон при управување со возило може да биде опасно како за нивната, така и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот. На возачите им беа поделени летоци со едукативни совети и...

Продолжи со читање

Светиот маченик Георгиј Кратовски

Views: 90 Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Продолжи со читање

Денес облачно со услови за слаб дожд

Views: 49 Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Температурите ќе бидат во постепен пораст.Температурите во Охрид во интервал од 1 до 7 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Општина Охрид

Во петок ќе се одржи 53. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 74 Свикана е 53. седница на Советот на Општина Охрид за 28.2.2025 година (петок) со почеток во 09:00 часот. За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 52-та седница1. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година.2. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.3. Предлог-одлука за разрешување и именување член...

Продолжи со читање

Пештани

Дефект на водоводната мрежа во Пештани

Views: 83 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 15:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од с.Пештани .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат во нивното соопштение.

Продолжи со читање