Skip to main content

Автор: инфодеск

Куп во Охрид: Вардар ја одбрани титулата, ЖРК Куманово по третпат шампион

Post Views: 379 Во драматичен натпревар Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 26:25 и го одбрани Куп-трофејот пред околу 2.000 гледачи.Купот на Македонија се играше во Охрид во СРЦ „Билјанини Извори”, а Вардар 1961 останува на тронот по драматичното финале. Вардар 1961 го доби големиот ривал за 16-ти Куп-трофеј во историјата и ја продолжува доминацијата во однос на Еурофарм Пелистер.Ова беше трета победа по ред за Вардар 1961 над Еурофарм Пелистер во натпреварите за Куп-титулата.Кај Вардар 1961 најдобри стрелци беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по...

Продолжи со читање

Вечерва годишен концерт на КУД Дримкол – Вевчани

Post Views: 431Вечерва во Домот на културата во Вевчани,КУД ,,Дримкол,, ќе го одржи својот годишен концерт кој традиционално секоја година се одржува во периодот помеѓу Велигденските празнувања и Педесетница.На концертот насловен „Шетав се рашетав низ нашта земја богата“, учество ќе земат сите фолклорни ансамбли на друштвото, изворниот и народниот оркестар, пејачката група ,,Каданка,, преку вокални изведби на нејзини солисти како и членови на патувачкиот театар од Вевчани.„Годишниот концерт за нас претставува голем настан, бидејќи се случува во Вевчани и пред...

Продолжи со читање

Облачно со врнежи од дожд денеска во Охрид

Post Views: 398 Oблачно време со повремени врнежи од дожд денеска во Македонија. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.Во Охрид облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната дневна ќе се искачи до 17 степени.Во Македонија од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст.

Продолжи со читање

„Мајсторката” за Прва лига помеѓу Охрид и Соколи закажана за во понеделник

Post Views: 517 Третиот натпревар кој ќе одлучи кој ќе игра во Прва лига, ГКК Охрид или Соколи 1933 ќе се одигра во понеделник во СРЦ „Билјанини Извори” со почеток од 17 часот.Понеделник ќе биде „денот Д” за охридските кошаркари. Овој натпревар ќе го даде новиот прволигаш за следната сезона. ГКК Охрид заслужува полна сала за „мајсторката”, поддршката од трибините ќе биде силен мотив за охридските кошаркари, кои во првиот меч токму во „Билјанини Извори” беа подобри од штипските Соколи со 84:68 во еден одличен натпревар.Во Штип, Соколи се изборија...

Продолжи со читање

Вечерва финале на Евровизија: Кои се фаворитите според обложувалниците

Post Views: 330 Ливерпул е во еуфорија. Вечерва е финалето на музичкиот спектакл – Евросонг 2023.Веднаш по претставувањето на песните, обложувалниците забележаа јасен фаворит. Тоа е пејачката Лорин, која ја претставува Шведска со нејзината песна Tattoo. Лорин претходно го однесе трофејот на Евровизија во 2012 година, а нејзината победничка песна Euphoria останува една од најпопуларните песни на натпреварот на сите времиња.Кога станува збор за земјите од соседството, Хрватска, групата Let 3 со песната Mama ŠĆ е на 11 место, а Србија и нејзиниот претставник Лук Блек...

Продолжи со читање

Привршува реконструкцијата на улицата “Ѓорче Петров”

Post Views: 451 Завршни активности за реконструкција на улицата “Ѓорче Петров”. Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на коловозната лента. Претходно беше поставена нова атмосферска канализација во вредност од 5 милиони денари, а активности ги изведуваа екипи на ЈП “Нискоградба”. Потоа следуваше поставување на нова водоводна линија и спуштање на телекомуникациите и електричните водови под земја. На крај доаѓа асфалтирањето , партерно уредување на тротоарските површини и поставување на ново осветлување.Вкупната вредност на реконструкцијата која...

Продолжи со читање

Одржлива урбанизација ќе ги искорени дивоградбите

Post Views: 395 Дивоградбите може да се искоренат само со одржлива урбанизација. Потребни се правилни и навремени урбанистички решенија за стопирање на нелегалните градби смета научната фела. Во недостиг на детални урбанистички планови во охридско – струшкиот регион регион секојдневно никнуваат нови дивоградби.Потребна е урбанизација, која предвидува повеќе зеленило, еко градби, паркинзи, сообраќајни решенија, а тоа е основата за зачувување на статусот на УНЕСКО.„Јас сметам дека урбанизмот треба да биде во прв план да се урбанизираат селата за да не добиваме диви...

Продолжи со читање

Новиот шампион Струга со дерби против ланскиот Шкупи за крај на сезоната

Post Views: 328Струга Трим Лум е новиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, а историската сезона стружани ќе ја затворат во недела со ново дерби против ланскиот шампион Шкупи на домашен терен.Струга веќе во средата го доби големото дерби против некогашниот шампион Шкендија и тоа во Тетово преку пресврт од 1:2, па повеќе од мотивирани стружани ќе го пречкаат и Шкупи за нов триумф.Струга одигра историска сезона и стана за првпат шампион во елитата на Македонија, а стружани можат да дојдат и до двојна круна, што за нив ќе биде голем историски успех.Дека...

Продолжи со читање

Студентскиот дом во Охрид со превентивни мерки за безбеден престој на учениците и студентите

Post Views: 501 Студентскиот дом во Охрид со превентини мерки и едукација во насока на одржување безбедна средина за сместените ученици и студенти.Во просториите на Државниот студентски дом „Никола Карев” Охрид, на барање на директорот м-р Жарко Куциноски се одржа работен состанок со претставници на СВР Охрид, отсек превенција и Полициска станица од општа надлежност Охрид.На состанокот беше разгледана состојбата со сместени ученици и студенти во студентскиот дом.„Целта на овој состанок е превенирање на девијантни појави и препознавање на истите, а се со цел...

Продолжи со читање

Генералка викенд во Охрид

Post Views: 270  Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, денес од 9 часот ќе се одржи „Генералка Викенд“ во повеќе општини во државата.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.Општина Охрид и ЈП„Охридки Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите  Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат  учество и здружението „Брег на Младоста и  Kостал Македонија Дооел.Општина Охрид ги повикува сите...

Продолжи со читање

Во Охрид сончево со умерена облачност

Post Views: 331 Во Македонија денес сончево и потопло време со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Mинималната температура до 8 степени , а максималната дневна ќе се искачи со 18 степени.

Продолжи со читање

Министерот Меџити во посета на Општа болница Охрид

Post Views: 529 Во рамки на денешната посета на ЈЗУ Општа болница Охрид, министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, разговараше со раководството на установата за претстојните предизвици како надополнување на кадарот во областа на педијатрија и набавка на нова медицинска опрема.„Општата болница Охрид претставува пример за континуирано кадровско зајакнување. Реализирани се 32 нови вработувања и испратени 9 доктори на специјализации од различни области, со цел зајакнување на повеќе специјалистички оддели.“ – велат од Министерството за здравство.Дефицитот на...

Продолжи со читање