Автор: инфодеск
Post Views: 417 Општина Струга распиша Јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации.Целта е зацврстување и унапредување на соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.Право на учество имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации...
За 20 години 150 илјади млади лица купиле карта во еден правец
Post Views: 368 Општата состојба во државата како на економски така и на политички план се повеќе ги охрабруваат граѓаните да заминат од Македонија, а особено тоа важи за младата популација.Во најновото истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи се наведува дека во последниве 20 години дури 150 илјади млади луѓе од земјава на возраст до 29 години решиле да ја напуштат Македонија и среќата да ја побараат во странство. Високата стапка на невработеност токму кај младите луѓе, е една од клучните причини за иселувањето на младите луѓе од...
Реконструкција на општинската зграда во Белчишта
Post Views: 412 Започна реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта / прва фаза, во која ќе се изврши реконструкција на кровната конструкција, спомен собата од НОБ и поставување на ПВЦ дограма во деловите каде не е поставена.Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој 2022-2023. Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР, преку Бирото за регионален развој, а 765.407 денари се учество на Општина Дебрца – информира...
(ОБНОВЕНО) Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи
Post Views: 245 Од 16 март цените на млекото и млечните производи ќе се намалат за 10 отсто, а на тестенините за 15, соопштија денеска премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а цените на овие производи ќе бидат замрзнати до 31 мај 2023 година.За 10 односно 15 отсто треба да се намалат цените по кои овие производи се продавале на 1 март. Се замрзнуваат цените на млечните производи и тоа трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урда, кравјото бело сирење и мешаното бело сирење,...
По трет пат се одложи судскиот процес за родилката од Дебар
Post Views: 416 По трет пат се одложи судскиот процес против тројцата гинеколози за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при царски рез во болницата во Струга остана без три органи- бубрег, матка и јајник. Денеска одлагањето беше поради отсуство на адвокатот на третообвинетата лекарка. Веапоска вели како одминува времето, таа се чувствува се полошо и физички и психички, а дополнително е изложена на трошоци за секое доаѓање на рочишта во Основниот суд Струга. Но, вели не се откажува од барањето правда.Сметам дека ова е само долагање и купување на време....
Крводарителска акција во ССУ Св. Кирил и Методиј
Post Views: 319 Минатата недела во средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј” беше спроведена крводарителска акција со учениците од училиштето.Програмски се продолжува со ширење на хуманата мисија и мотивирањето на граѓаните да бидат херои и да спасат нечиј живот – велат од Црвен крст Охрид.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за урбанистички план на Долно Лакочереј
Post Views: 313 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 99/18 и 89/22), Општина Охрид, на ден 03.03.2023г. донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена.1. За планскиот документ Урбанистички план за село Долно Лакочереј, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.2. Како органи засегнати од...
Кривична за две лица поради запуштање и малтретирање на дете
Post Views: 318 Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга.На 12.02.2023 околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св. Еразмо” со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Казнети возачи за непрописно паркирање
Post Views: 251 На 09.03.2023 од 08:00 до 16:00 часот, при контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид евидентирале 31 патничко возило кои биле непрописно паркирани на коловоз, како и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола, информираат од СВР Охрид.Во Дебар, полициските службеници на вонреден технички преглед упатиле шест патнички моторни возила каде, при што кај две возила биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. На возачите им се поднесени соодветни платни налози.
Охриѓанец фатен со марихуана
Post Views: 223 На 09.03.2023 во 21:45 часот пред казино на улица „Партизанска” во Охрид, лишен од слобода е К.Т.(30) од Охрид.При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Се намалуваат цените на тестенините и млечните производи
Post Views: 225 За 15 проценти се намалува цената на тестенините, а за 10 цената на млечните производи, објави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.Се замрзнува односно намалува цената на тестенините за 15 проценти на цената која се применува во трговијата на 1 март, односно во просек за околу 8 до 9 денари. Се работи за макарони и шпагети – рече Ковачевски.За овие продукти се укинуваат и царинските давачки за увоз за период од 13 март до 31 мај.Млечните производи се намалуваат од 17 март, а како што објави премиерот, тука станува збор...
ТАВ најавува сезонска авиолинија Скопје-Сплит
Post Views: 351 Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година. Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој...

