Skip to main content

Автор: инфодеск

После Скопје, најбарани се становите во Охрид

Post Views: 733 После Скопје, најбарани се становите и недвижностите во Охрид. Продажбата на станови во главниот туристички центар е порасната за 50 проценти, но исто толку е зголемена и цената за метар квадратен. Агенциите за недвижнини посочуваат на манипулации на пазарот, велат поединци,моќници, купуваат станови за една цена, а после ги препродаваат за двојно повеќе.„Моќници купуваат станови и истите тие станови ги препродаваат најмалку со разлика во цена од 200 до 400 евра по квадрат и после доаѓаат до цена од 1500/1600 евра од нив не доаѓа од инвеститорот таа цена....

Продолжи со читање

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 321 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура до 10 степени, а максималната до 19 степени целзјусови.Од недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...

Продолжи со читање

Се уредуваат и санираат јавните површини и добра во пресрет на сезоната

Post Views: 308 Во пресрет на летната туристичка сезона, се одвиваат активности за уредување на јавните површини на територија на Општина Охрид.Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови.„На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и недостасуваат, а дополнително се санира и осветлувањето. Во моментов активности за санација се одвиваат на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште.„ – објави на Фејсбук Градоначалникот Кирил...

Продолжи со читање

Чешки инвестиции во Охрид, тема на состанокот на Пецаков со конзулот Чернохорски

Post Views: 289 Денес градоначалникот на Охрид , Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски.На средбата се разговарало за остварување на соработка во повеќе области, а акцент бил ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид. Соговорниците согласни дека општината и конзулатот негуваат добри односи и разгледувале можности за нивно издигнување на повиско ниво. Пецаков и Чернохорски се сложиле дека веќе постоечките чешки инвестиции низ државата, а и во Охрид имаат одлични услови за создавање на бизнис.За таа...

Продолжи со читање

Утре и задутре асфалтирање на ул „Ѓорче Петров“

Post Views: 238 Од Општина Охрид ги информираат граѓаните дека во период од 12.05.2023 до 13.05.2023 година, на улица „Ѓорче Петров“ ќе започнат градежни активности за асфалтирање. Поради тоа на оваа улица ќе има отежнат сообраќај.Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности за асфалтирање на улицата.

Продолжи со читање

Почнува најмасовната акција за пролетно чистење „Генералка викенд 2023“

Post Views: 303 Третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се одржи од 12-ти до 14-ми мај. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16.000 волонтери.Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 ќе биде собран отпадот од локациите мапирани од страна на секоја општина засебно.За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен Крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.„Да...

Продолжи со читање

Се урна мост во Финска, над 27 повредени, претежно деца

Post Views: 350Повеќе од 27 лица, главно деца, се повредени денеска при уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо, недалеку од Хелсинки, соопшти спасувачката служба.Според управата на болницата во Хелсинки, повредите не се опасни по живот, пренесува Ројтерс. Повеќето од примените се здобиле со скршеници на коските откако паднале од „неколку метри“.Станува збор за деца кои биле дел од група ученици од осмо одделение, а се враќале од екскурзија, пишува финскиот весник „Хелсингинг саномат“, повикувајќи се на изјавата на еден од учениците кој бил на...

Продолжи со читање

Викендов решавачкиот меч ГКК Охрид-Соколи за место во Првата кошаркарска лига

Post Views: 471 Соколи пред своја публика со 79:70 го доби Охрид за егал-скор во полуфиналето, па третиот меч ќе одлучува кој ќе избори место во Првата кошаркарска лига.Штипјани на домашен терен беа подобри од Охрид во вториот меч од серијата, и со тоа го израмни скорот на 1:1, по кој е јасно, овој викенд во Охрид ќе се игра и трет решавачки натпревар.Првото полувреме беше доста израмнето, но штипјани стигнаа до минимална предност на полувреме 35:34, па второто полувреме во спортската сала „Јордан Мијалков“ беше клучно.Соколи направија посериозна разлика во третата...

Продолжи со читање

11 мај, Ден на културата во сообраќајот

Post Views: 337 11 мај, од 2015 година, во светот традиционално се празнува како „Ден на културата во сообраќајот“. И РСБСП секоја година се приклучува кон активностите за одбележување на овој значаен ден со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување, со што ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека секој учесник во сообраќајот со своите сфаќања, со движењето и начинот на однесување во сообраќајот директно влијае врз...

Продолжи со читање

АХВ: Млекото и млечните производи се безбедни, бруцелоза се испитува во повеќе фази

Post Views: 307 Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека безбедносниот систем за млекото и млечните производи не е нарушен.„Покрај лабораториските испитувања, во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за годинава, како дел од повеќегодишните програми за контрола и искоренување на болестите кај животните, вклучително и на бруцелозата, се вршат и клинички прегледи. Лабораториските испитувања се само една од методите за докажување на здравствениот статус на животните на одгледувалиштата. Примарната контрола на здравствениот...

Продолжи со читање

Утре акција за собирање кабаст отпад во с.Трпејца

Post Views: 258 Вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во с.Трпејца утре 12.05.2023 год.(петок).Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 12.05.2023 год.(петок) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во с.Трпејца.Се молат жителите од с.Трпејца доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат на пристапни места најдоцна до 07.00 часот на 12.05.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот

Продолжи со читање

Охрид е подготвен за ракометниот Куп на Македонија

Post Views: 361 Охрид е подготвен за претстојниот завршен турнир од ракометниот Куп на Македонија, што во периодот од 11 мај до 13 мај ќе се одржи во „Билјанини Извори”. Организатор на завршните турнири е ГРК Охрид.Кај мажите ќе биде највозбудливо бидејќи Вардар 1961 ќе го брани тронот, а во полуфиналето „црвено-црните” ќе играат против одличниот Алкалоид, овој натпревар ќе се одигра вечерва со почеток од 20 часот. Претходно, Еурофарм Пелистер ќе ги одмери силите со екипата на Пролет, а овој меч ќе стартува во 17:30 часот.Дамите ќе играат во петок, а Металург...

Продолжи со читање