Автор: инфодеск
Post Views: 606 Вечерва со три натпревари започнува турнирот во мал фудбал „Враништа 2023″, кој традиционално се одржува со години во струшкото село Враништа.Оваа година учество пријавија 24 екипи кои ќе бидат поделени во осум групи со по три екипи во група.Вечерва официјално турнирот започна со првиот натпревар во 20 часот помеѓу екипите на БиЗи Груп и Лакочереј, еден час подоцна Камионски делови БОСС игра против екипата на Хотел Тино, додека пак во 22 часот следува натпреварот меѓу Дебрца Ексрес и Ултрас.До недела ќе се играат по три натпревари, додека пак...
Нема криза за продажбата на брза храна
Post Views: 408 Потрошувачите се подготвени да трошат пари на брза храна и покрај високите цени.Од најновите резултати за заработката на ланците ресторани за брза храна, може да се види дека поскапувањето не влијаело негативно на побарувачката, напротив таа се зголемила а со тоа и профитот.Повисоките цени во комбинација со помалата флуктуација на вработените помогнаа да врвните играчи во индустријата да стигнат до двоцифрен раст, пренесува Сибиз. Така, во првиот квартал од годинава, продажбата на „Мекдоналдс“ е зголемена за 12,6 отсто во однос на претходната...
Се разведува Марин, најмладата премиерка на светот
Post Views: 418 Финската премиерка во заминување Сана Марин (37) поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Маркус Раиконен.„Ние сме благодарни за 19 години заедно и нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели“, објавија Марин и Раиконен во посебни објави на Инстаграм, пренесува Ројтерс.Марин и Раиконен се венчаа во 2020 година додека Марин беше премиерка и се справуваше со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Сана Марин стана најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година, но нејзината Социјалдемократска партија...
Ученици од ОСУ „Св. Кирил и Методиј“ наградени за филм за Студенчишко блато
Post Views: 309 Ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид го освоија третото место на натпреварот „бразовно рандеву 2023 на МАССУМ со филмот „Студенчишко блато – белите дробови на Охридското Езеро“.Средношколците Ивана Котеска, Ана Мари Коцевска, Стефанија Битолкоска, Матеј Илоски, Марио Јованоски и Кристијан Танески со краткометражниот филм апелираат на заштита на Студенчишкото Блато.https://www.youtube.com/watch?v=bmqKQP-XKMw
Оптимистички најави: Ќе се надмине недостигот на специјалисти педијатри
Post Views: 368 И покрај актуелниот проблем со дефицит на медицински кадар во земјава од Здружението на педијатри изразуваат оптимизам дека во иднина овој горлив проблем ќе се надмине или во најмала рака ќе се ублажи.Расте интересот за специјализација на педијатрија, во моментов над стотина млади лекари се одлучиле за оваа гранка. За неколку години се очекува дел од нив да ги пополнат испразнетите места низ градовите во државава.„Ние имаме многу специјализанти околу стотина специјализанти по педијатрија имаме, таа трае околу пет-шест години долго трае. Има некаде...
Се крпат ударни дупки на улиците низ Охрид
Post Views: 340 Во рамки на годишната програма за санација и асфалтирање на улици и пристапни патеки, започнаа активностите за крпење на ударните дупки и санација на прекопи на улиците на територија на општина Охрид.Вредноста на оваа програма изнесува 3 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Црвен крст Охрид објави повик за обука на спасители на отворени води
Post Views: 366 Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 23 до 30 јуни 2023 г.Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:Да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)Да...
Објавен повторениот оглас за издавање типизирани куќарки
Post Views: 478 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид и Извештајот за извршена процена бр.01-254/1 од 09.05.2023, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објави ОГЛАС бр. 5/2023ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ – ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ.ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално...
Во сабота акција за собирање кабаст отпад
Post Views: 318 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 13.05.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати„Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 13.05.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во...
Спортскиот клуб Соларис организира аматерска кајакарска регата во Струга
Post Views: 390 Спортскиот клуб „Соларис” организира кајакарска регата за аматери во Струга.Трките ќе се одржат во Дрим на потегот од „Мезе-бар Кингстон” до дрвениот мост во должина од 100 метри, како што информираат организаторите, единствен услов за учество е натпреварувачот да не е активен спортист.„Следејќи го концептот „Спорт за сите” на 21. мај (недела) организираме кајакарска регата за сите. Критериум за учество е натпреварувачот да не е активен спортист. За тоа обезбедуваме стабилни аматерски кајаци и елеци за безбедност. Трките ќе се...
Без вода населбите Св Стефан и Елешец
Post Views: 333 Поради санација на два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во населбата Св.Стефан на потегот Славија до Хотел Гранит. Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето поради сананација на другиот дефект ќе има во населбата Елешец.
Саем за образование и кариера
Post Views: 345 На 12 мај 2023 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Младински Центар Охрид огранизира Саем за образование и кариера.На истиот ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.Исто така на саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите...